Македонија
(Видео) Мицкоски: Секој да постапи по свое убедување за референдумот
По консултации со граѓаните, за апстиненција или да се гласа против, но и оние помалку кои сметаат дека треба да се поддржи, одлучивме секој граѓанин да постапи по свое убедување за референдумот. Нема партиите да одлучуваат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и сите ние ќе се поклониме пред таа одлука, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Прашањето за името е едно од најзначајните, не е само прашање на Заев и Мицкоски, ова е прашање за Македонија. Ова се историски мигови, судбоносни за Македонија, посочи Мицкоски. Пред нас е огромна бездна – Договорот со Грција, тоа е бришење на идентитетот. Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во тешка ситуација благодарение на неодговорни политичари.
„Македонија е скапоцен авион во раце на адолесценти. Оваа Влада ветува, а не ги оставрува ветувањата, има корупциски афери, милиони во џебови на функционери, тендери од милиони евра на сомнителни фирми“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додава ако не се багерите да газат, полицијата малтретира, а градоначалници потсетуваат дека се снима.
ВМРО-ДПМНЕ беше исклучен од преговорите за името, посочи лидерот на опозицијата и додаде дека Заев ветува нешта што не може да ги исполни.
„За мене не е секојдневие менување на ставот за промената на името. Договорот не го прифаќаме, јасно е дека со него се менува Уставот, идентитетот, пасошите, личните документи, а ќе има и ревидирање на културата и традицијата, сето ова е спротивно на нашите ставови“, додаде Мицкоски.
Свесно се одбра манипулативно референдумско прашање за да се донесат во заблуда граѓанте, вели Мицковски и уште еднаш го повтори ставот на партијата дека ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, но силно се противи на договорот. Владата започна жестока милионска кампања само за ЕУ и НАТО, а ништо за договорот кој е на маса, посочи Христијан Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.
Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.
Претседателката, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.
Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.
Претседателката го поздрави конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.
На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарно Собрание на Совет на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска, Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.

