Македонија
(Видео) Мојсовски: Нови 10 милиони евра за спортски ваучери за 2020 година
Правиот пат на државата кон европската иднина подразбира и квалитетен спорт, професионални спортски клубови и конкуретни спортисти на европските и светските натпревари, рече Наумче Мојсовски, претседател на комисијата за спорт на СДСМ.
„Владата предводена од СДСМ продолжува со подобрување на условите во спортот преку мерката „Спортски ваучери“. Со оваа мерка, Владата и Агенцијата за млади и спорт ги стимулираат стопанските субјекти да го пронајдат својот интерес и да инвестираат во спортот.
За оваа 2020-та година ваучерскиот систем за поддршка на спортот предвидува нови 10 милиони евра, сума која ќе биде потрошена за директна помош на спортските федерации, клубовите и спортистите. До скоро ние спортистите само можевме да сонувавме за сума од 10 милиони евра, денес тој сон го направивме стварност.
Годинава, 43 Национални спортски федерации, 454 Спортски клубови и 320 индивидуални спортисти ќе добијат финансиска поддршка, што е од огромно значење за нивниот професионален напредок, но и за мотивот да стигнат до европските и светските првенства.
Многу важно за нас е вредноста и перспективата на оваа мерка да ја препознаат сопствениците и менаџерите на приватните компании и да ни се приклучат во финансирањето на спортот.
Со ваучерскиот систем на приватните компании им се овозможува 50 отсто од данокот на добивка да го инвестираат директно во спортот. Тоа значи зајакнување на финансиската моќ на спортските клубови кои ќе станат атрактивни партнери на компаниите. А самите компании ќе имаат сопствена промоција и ќе покажат висока општествена одговорност.
Компаниите, наместо дел од данокот на добивка да го платат на државата, ќе имаат можност да го вложат директно во спортски клуб или спортист.
Мерката покажа одлични резултати. Имаме и многу примери кога со овие пари спасивме федерации и клубови од пропаѓање, а голем број спортисти ги вративме на терените. Нашата грижа и нашата посветеност кон спортот нема да завршат тука. Новата Влада предводена од СДСМ и по изборите ќе продолжи да го финансира спортот“ додаде Мојсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат, вака ССМ работи по насока на СДС
Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДС, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, протестите на ССМ, поддржани од СДС и Левица, покажаа=ле дека не се поддржани од работниците, кои, како што рече, веќе се свесни дека некој од врвот на ССМ јасно ги искористува.
„Синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов, Иван Пешевски и Трпе Деаноски, кои земаат по над 80.000 денари плата од работниците и дополнителни додатоци во висина над милион денари во само една година, добиени од џебот на работниците, не го прифаќаат новиот колективен договор со кој минималната плата на административните службеници ќе се искачи до 600 евра за само две години од денес“.
Манасиевски потсетува дека предлогот од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40% или над 10.000 денари до 2028 година, не е прифатлив од ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски, само затоа што не сакаат да го потпишат новиот колективен договор предложен од Владата, со којшто работниците ќе добиваат зголемување на платите според Законот за минимална плата и додатно 8% на добиената сума со што би се дошло до зголемување од 40% до 2028 година.
„ССМ бара 600 евра минимална плата, добива, и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и повеќе и истата ја одбива. Само затоа што се политички заробеници на оние што ги поставиле да бидат таму а тоа е СДС.
Ги повикуваме ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски да ги оттргнат канџите во кои се заробени од СДС и Левица и да го прифатат предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 600 евра минимална плата за административните службеници во 2028 година“.
Македонија
(Видео) Кузеска: Поминаа 50 дена од првите бомби на Антикорупцискиот тим, но нема никаква реакција
Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк. Во изминатите 50 дена, Антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Според неа, затоа власта презема контрола врз сдуството и обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери.
Македонија
Oдрон на патот Берово – Струмица, магла на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Намалена видливост и појава на магла на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка до 30 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчевo.

