Македонија
(Видео) Николовски: Почнуваме серијал од 11 програмски трибини „Агенда 20-24″
СДСМ постојано се менува! Со нов, модерен, динамичен, европски концепт, вклучување и промовирање на многу нови мерки, политики и луѓе. Еден од примерите беше последната голема граѓанска трибина во салата „Борис Трајковски“, во Скопје, каде што граѓаните имаа можност да видат ново лице. Континуирани промени, нова енергија и голем мотив за победа, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Денеска со задоволство најавувам: активностите на СДСМ продолжуваат, на терен, со граѓаните, врата до врата, но и го прошируваме спектарот и динамиката на сите наши активности. Со граѓанската трибина во ‘Борис Трајковски’ во Скопје, со тој еден нов концепт заокруживме еден цел серијал на околу 30 граѓански трибини низ целата држава. Масовно посетени и поддржани од граѓаните. Сега започнуваме нов серијал на 11 тематско-програмски трибини како дел од агендата 20 – 24.
Новата победничка изборна програма СДСМ ја пишува со граѓаните, експертите, невладините организации. Првата програмска трибина е „Агенда иноватива“, ќе се одржи денеска во 18:00 часот, во Музеј на Град Скопје. Ова е еден од новите столбови на идната програма и на СДСМ и на Владата. Заедно со експертите, со граѓаните ќе ги дискутираме најновите трендови во екомонијата со посебен фокус на нови технологии, стартапи и претприемништво. Говорници на трибината ќе бидат: Аријана Коскарова од Creative Hub, Нина Николиќ од стартап Македонија, Илијанчо Гаговски, IT-претприемач. Тоа се надворешните експерти кои ќе придонесат токму во креирањето нови решенија и политики во овој дел.
Како претставници на СДСМ ќе се обратат: Дамјан Манчевски, потпретседател на партијата и задолжен во делот на оваа проблематика, Коста Петров, потпретседател, како и претседателот на Комисијата за економија, Кирил Колемишевски.
Веќе в недела ги продолжуваме нашите активности со втората програмска трибина за еден од клучните столбови на програмата „Агенда млади“, а во среда е третата трибина „Агенда спорт“. Останатите трибини ќе ги реализираме по празниците. Детални информации за овие програмски трибини граѓаните можат да најдат на официјалните профили на СДСМ на социјалните мрежи и на веб страната на партијата.
Ги повикувам граѓаните, експертите, познавачите и сите заинтересирани активно да бидат вклучени. Заедно да ја напишеме новата изборна програма на СДСМ за следните четири години и заеднички да учествуваме во реализацијата на мерки политики и во развојот и напредок на државата, на овој пат. Владата на СДСМ има огромни успеси на сите полиња, особено во економијата, социјалните политики, земјоделието и инвестициите. Затоа ќе продолжиме да зборуваме за успесите, но остануваме посветени и на новиот концепт.
СДСМ сите капацитети ги става во служба на граѓаните и нивните интереси. Таква ќе биде и новата програма, новата понуда на СДСМ за граѓаните. Комисиите, телата и органите на партијата веќе работат на новите мерки. Досега добивме над 4.000 предлози од граѓаните во различни форми, дали на терен, дали преку онлајн апликацијата којашто е достапна. Затоа, на сите граѓани денеска им велиме: Ви благодариме!
Одржавме над 600 маалски и урбани средби, одржавме околу 30 граѓански трибини, низ цела државава, имаме секојдневни средби со целните групи, со таргетирани групи.
Нашите 6000 активисти се на терен, врата до врата, отворена е апликацијата за предлози на веб-страницата на СДСМ. Го слушаме гласот на граѓаните, ги евидентираме нивните предлози и идеи, внимателно ги анализираме, со задоволство можам да кажам дека голем дел од овие предлози ќе бидат дел од новата изборна програма на партијата.
За СДСМ секој е важен и сечиј придонес е важен. Затоа велиме дека СДСМ е најдобра опција, затоа што води напред, затоа што се менува постојано, затоа што отворена за сите граѓани без да бидат членови на партијата, затоа што со СДСМ иднината на генерациите е обезбедена! Со крената глава СДСМ може да се потпре на успесите и да инспира сите други да се приклучат! Направивме многу. А имаме уште многу што да кажеме и што да направиме, а грешките да ги исправиме. Затоа нема скршнување од патот на напредокот“, порача Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“
На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со посебен придонес и значење.
Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Лимани ја оцени посетата како момент со посебна политичка и емоционална тежина за градот, истакнувајќи ја симболиката што ја носи присуството на Претседателот на Албанија во град претежно населен со Албанци.
„Посебна чест е што на почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Гостивар, да му кажам во ваше и во мое лично име: Добредојдовте во Гостивар, Претседателе на Република Албанија. Вашето доаѓање има посебна симболика за нас“, изјави Лимани.
Тој ја оцени улогата на претседателот Бегај во достоинственото претставување на Албанија и на Албанците ширум светот, особено во време на предизвици и значајни геополитички случувања, нагласувајќи дека неговото лидерство внесува смиреност, сигурност и национална гордост.
Во образложението за доделувањето на признанието се наведува: „На Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, за достоинственото и мудро застапување на сите Албанци и пошироко, низ целиот свет.“
Врачувајќи го симболичниот клуч на градот, градоначалникот Лимани истакна дека со овој чин за претседателот Бегај отворени се сите врати во Гостивар, оценувајќи го овој момент како еден од најзначајните настани во неговиот мандат.
Посетата на претседателот Бегај во Гостивар беше оценета како потврда за силните врски меѓу Албанците и важен чекор кон продлабочување на соработката и националното единство.
Македонија
Филипче за Груби: Сè е договорено
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за куќен притвор се јасен показател дека постои политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.
„Еве ги прашањата за Артан Груби. Ние ги поставуваме од моментот кога дојде. Еве и сега ги поставувам. Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината. На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор? Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето коешто јас го поставив – кој е Душан Адамовиќ, новопоставениот конзул на Македонија во Србија – премиерот не одговори. Избегна да одговори затоа што одговорот не му одговара. Секогаш е дефокус – Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа. Тоа одговара премиерот. Недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води Владата и државата.“ рече Филипче.
Тој потенцираше дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите.
„Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, нагласи Филипче.
Додаде дека наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

