Македонија
(Видео) Николоски: На лидерска да се разговара и за условувањата од Бугарија

На лидерската средба, освен за здравствената и економската криза, да се усогласат и заедничка стратегија и документ како одговор на условувањата од Бугарија, побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според потпретседателот на партијата, Александар Николоски, власта се обидува да го релативизира документот на Бугарија, кој стана составен дел на одлуката на Европскиот совет за Македонија, а со кој, како што рече, директно се подриваат темелите на македонската држава – тоа е македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ. Николоски вели дека до следниот состанок на Европскиот совет би можела да биде усогласена рамка за пристапните преговори, а бугарските услови да станат официјален дел од барањата на ЕУ.
„Доколку ова се случи, последиците ќе бидат трајни и ќе им ги врзат рацете на следните генерации за да не можат многу да направат ова да го променат. Не знам дали е свесен Заев и дали разбира дека последиците од неговите одлуки и националните катастрофи што следуваат од ова се децениски. Тој гледа да се спаси од одговорност за криминалот, а можеби и од некоја уцена за која јавно го прашав дали ја има, ама, еве, избра да молчи, ама тие негови одлуки ја загрозуваат иднината на македонскиот народ. Тоа мора да се каже јасно и денес додека не е предоцна. За неколку месеци веќе може да е предоцна“, рече Николоски.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно да се изгради заедничка позиција во однос на бугарските барања, заеднички усогласена надворешна политика, како и стратегија за национална безбедност. Двата документа, вели Николоски, треба да се прифатени од сите политички партии и да бидат основа на работата на секој иден министер за надворешни работи, министер за внатрешни работи и министер одбрана, како и директорите на безбедносните агенции, без разлика од која политичка партија се.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.
Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.
Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.
Македонија
Гужви на Богородица за влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Македонија
Денес сонце и температури до 36 степени

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.