Македонија
(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии
Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за која има обвинувања дека учествувала во постапки при одлучување одговорност за судии, каде што странка бил нејзиниот сопруг. Судир имаше и помеѓу Дамева и експретседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска. Во дискусијата се надоврзаа и други членови.
„Некој кога станува член на Судскиот совет ја знае основната надлежност на Советот – следење на работата на судиите и нивно оценување. Не станува член на управен одбор на карате-сојуз, па да ја следи работа на каратистите – како се одвива нивната кариера или како си ја вршат нивната работа. Секој од нас кога станувал член на Судскиот совет, имал обврска да си праша дома дали евентуално има некои предмети во кои може да настане судир на интереси. Како член на Судскиот совет овде се одлучувало по барање за утврдување одговорност. Се следела работата на најголемиот суд во државата, Кривичниот. Нејзина обврска било да праша каде евентуално нејзиниот сопруг има предмети и друг член на семејството, деца, за да може да се изземе и да не се доведе во прашање нејзината работа“, рече Црвенковска, поставувајќи прашања на нејзината колешка Мери Радева.
Црвенковска постави прашања, а кога ѝ упадна во збор на Мери Радева, имаше и бурна реакција.
„Нема што да одговарам и да ме прашувате мене. Не знаев за случајот, да знаев, ќе ѝ речев дека треба да се изземе, ако е тоа вистина. Јас тоа и сега не го знам (…) Кога зборувам, очекувам да молчи“, рече Радева одговарајќи на прашање.
Се надоврза и потпретседателот Селим Адеми за тоа кога дознал за сопругот на експретседателката Весна Дамева.
„Јас очекував поранешната претседателка да информира за работи што ѝ се познати. И не само да прашува дома, туку да се држи во согласност со законот. Многу боли кога нападите се насочени кон мене“, рече Дамева.
Се надоврза повторно Црвенковска, без да добие збор, и почна викање во салата. Поради ова, следуваше рекација од Весна Дамева која беше обвинета од дел од колегите.
„Колешката е многу изнервирана. Доколку знаела, во најмала рака таа како член требало да ме извести. Вие, колешке, имате законска обврска да ме известите“, коментира Дамева.
„Немам намера да бидам дел од овој циркус. Судскиот совет има куп прашања од негова надлежност по кои треба да постапува. Продолжуваме со циркузи. Овде се продолжи со меѓусебни обвинувања. Јас на почетокот на седницата реков дека точката ‘разно’ не ми е јасна. Колешката Мери ја појасни. Таа наведе кои аргументи се потребни за да одлучиме за изземање. Ова прерасна во меѓусебни обвинувања. Претседателе, од вас зависи во која насока ќе оди ова“, рече Ивица Николовски.
Во една од дестиците реплики на потпретседателот Селим Адеми, кој зборуваше за правење хајка.
„ За ова ќе се расправа, ќе се утврди колку предмети има, а за тоа дека требало да знаеш – требало да знаеш, без разлика дека вчера си разбрала. Тоа ќе дојде кога точката ќе биде на седница“, рече Адеми.
Претходно, Дамева се бранеше од другите членови, кои ја обвинуваат дека не се иззела во минато постапување иако морала поради тоа што странка во судскиот случај што се ревидирал бил нејзиниот сопруг.
„Ниту треба ниту сум морала да знам за деловните обврски за судски постапки и какви било постапки за мојот сопруг бидејќи ние дома не разговараме за судски работи. Ниту тој знае по што јас постапувам ниту јас знам какви судски постапки се водат, тоа прво. Второ, мојот сопруг и кој било член на моето семејство нема законска обврска мене да ме известува за јас да ве известам. Да бидеме на чисто, ова е она што имам да кажам. Во овој момент знам за тоа. Во секој момент кога ќе дознаам, ќе известам. Како ми кажуваат – така известувам. И за разлика од некои членови на Судскиот совет, кога можеби имале судир на интереси или одредени состојби, не известиле или не кажале причина за изземање, јас такво нешто не го сторив. Јасно и гласно известив, да престанеме со ова зашто созвадаме лажна слика“, рече Дамева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го разбираме револтот и незадоволството: СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштуваат од оваа партија.
„Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта“.
За време на владеењето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
И како опозиција, напоменуваат, СДСМ стои зад работниците.
„СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

