Македонија
(Видео) Нов објект за исхрана на Специјалната антитерористичка единца „Тигар“
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, денеска во касарната „Илинден“ присуствуваше на пуштањето во употреба нов објект – кујна за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
„МВР инвестира во целосна реконструкција на објект во касарната ‘Илинден’, што го доби на трајно користење од Министерството за одбрана, а кој од денеска ќе биде во функција – објект за исхрана со кујна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица, кои од формирањето на Единицата до денеска се хранеа во објект надвор од кругот на касарната“, потенцира министерот Спасовски.
![]()
Новиот објект за исхрана, за чија реконструкција се издвоени приближно 9 милиони денари, е изграден по највисоки полициски и ХАСАП-стандарди, а во склоп на објектот се наоѓа кујна оспособена за приготвување храна во текот на 24 часа, седум дена во неделата, која, покрај за САЕ „Тигар“, има капацитет да овозможи приготвување храна и за други организациски единици на МВР, во посебни околности, за потребите на службата.
![]()
По спроведена јавна набавка со барани високи критериуми, преку електронска аукција беше избран економски оператор, кој под посебен мониторинг ќе ја приготвува и служи храната за припадниците на САЕ „Тигар“, со што МВР првпат го имплементира овој пилот-проект кај нас, кој кај повеќе полиции во Европската Унија успешно функционира подолг период, со тенденција во иднина да се прошири и во други објекти на Министерството.
![]()
Од 2017 година до сега актуелното раководство на МВР системски и посветено работи на унапредување на работните услови на полициските службеници со цел унапредување на услугите на Министерството за граѓаните.
![]()
Со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста во унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 62 објекта и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за другите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациски единици, со што Министерството за внатрешни работи бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедноста на граѓаните на целата територија на нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

