Македонија
(Видео) „Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин, колку чини неговиот ангажман и од која сметка се плаќа“, праша Николоски
„Стево Пендаровски вчера призна дека користи консултантски услуги од контроверзниот консултант Асаф Исеин. Стево Пендаровски вчера призна дека Асаф Исеин дава консултантски услуги на Стево Пендаровски. Прашањето е дали тие консултантски услуги е само во делот на стратегии или можеби влегуваат и во изборни активности кои што се работ на законот“, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Исто така Стево Пендаровски вчера пред целата македонска јавност призна дека Асаф Исеин е ангажиран од СДСМ, политичката партија која го кандидира Стево Пендаровски за претседател во 2019тата и 2014тата година и која што ќе го поддржи на овие претседателски избори кои што тој ќе ги изгуби.
После ова јавно признание на Стево Пендаровски дека Асаф Исеин е консултант на СДСМ се поставуваат неколку прашања.
Првото прашање е на кој начин е овој контроверзен консултант ангажиран? Уште колку лица заедно со него се ангажирани? Колку чини неговиот ангажман и кој го плаќа неговиот ангажман? Од која сметка се плаќа неговиот ангажман? Дали се плаќа од сметката на СДСМ, и ако е така зошто го нема во ревизорските извештаи на СДСМ?
Доколку пак е ангажиран за изборната кампања на СДСМ, дали се свесни во СДСМ дека прават кривично дело, имајќи во предвид дека изборните сметки се уште не се отворени и не можат да се преземаат финансиски активности поврзани со изборите.
Понатаму, се поставува прашањето дали можеби има договор со некоја државна институција и на тој начин е ангажиран, или можеби најлошото дали е можеби платен од некоја странска држава која што сака да направи услуга на СДСМ и на Стево Пендаровски.
Доколку е така се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека забрането е финансирање на избори од страна на странски извори и странски држави.
Според нашите сознанија во последните 20 дена 3 пати Асаф Исеин престојувал во Македонија на по неколку дена, што значи дека последните 20 дена најмалку 10-тина дена бил присутен во Македонија.
Колку пати се сретнал со Стево Пендаровски, со кој друг се сретнал од СДС, што за нив ќе прави, колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа неговиот ангажман и зошто го нема во ниеден извештај на СДСМ?
Исто така како е возможно лице кое е ангажирано од политичка партија да остварува средби со претседател на држава во службени простории на претседателот на државата и да одговорат и СДСМ и Стево Пендаровски кои се другите лица по потекло од Хрватска и Романија кои доаѓаат со него и на кој начин тие се ангажирани.
Почитувани пријатели, на раб сме на огромна афера, огромен скандал кој во себе вклучува потенцијални изборни нерегуларности и нелегално финансирање на изборна кампања.
Очекуваме одговори и очекуваме надлежните институции да се позанимаваат со ова прашање“, соопшти Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја корисници од село Долно Лисиче
Без струја од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче (објекти на патот кон Драчево и ул.„10“), најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.
Прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Македонија
Времето променливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Пендаровски ја напушти Вила Водно, им се заблагодари на граѓаните и соработниците
Експретседателот на државата, Стево Пендаровски, чијшто мандат заврши денес, преку социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните и своите соработници.
„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, напиша Пендаровски.
Претходно тој во Вила Водно ја пречека новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, пришто свечено и’ ја предаде функцијата, а и’ ja честита и победата.
Пендаровски беше петтиот претседател од осамостојувањето на државата, а функцијата ја презеде во 2019 година од дотогашниот претседател, Ѓорге Иванов.
По престанокот на функцијата, на секој претседател му следат низа на доживотни бенефиции. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, претседателот има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.
Пендаровски неодамна изјави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту пак средства за отворање на канцеларија, туку ќе се врати на работното место професор.