Македонија
(Видео) Пецаков: Заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45.000 потписи
Денеска е трет ден откако се собираат потписи под мотото „Стави потпис за вистински попис“, насекаде на ниво на Македонија.
„Денеска и на нови две локации собираме потписи заедно со граѓаните на Охрид. Одѕивот е одличен, заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45.000 потписи. И очекуваме дека до крајот на неделата преку 100.000 граѓани ќе ја дадат својата поддршка за оваа иницијатива.
Реалноста е дека не само за пописот, и начинот на којшто Законот за попис беше донесен, туку и генерално политиките на СДСМ и Заев не добиваат поддршка од народот. Народот сè повеќе се приклучува на ВМРО-ДПМНЕ и она што треба да претставува отпор кон начинот на владеење на СДСМ“, рече Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Самиот Закон за попис кој што беше донесен на начин на кој што беше донесен, и со кој што наместо да добиеме статистичка операција, добиваме политичка операција е проблематичен. За тоа што доколку имаме статистичка операција тогаш Македонија ќе може и економски и геостратешки во наредните десет години да планира. А, политички очигледно е битен само процентот.
Затоа имавме забелешки за овој Закон за попис, и баравме да биде со најсовремените технологии спроведен всушност заеднички како што треба да бидат спроведени и локалните избори, претстојните локални избори оваа година, а тоа е со т.н. отпечаток на прст. Би биле разрешени и отстранети сите дилеми коишто би ги имале по однос на резултатите што би ги добиле од овој попис.
Како и да е, ние не застануваме тука, ова е еден од само чекорите коишто ќе ги преземеме во периодов што следува, а со цел да добиеме попис каков што Македонија заслужува по сите европски стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

