Македонија
(Видео) Повеќе вработувања за поголема вклученост на Ромите, порачаа ромските организации
Вработувањето на Ромите и понатаму останува еден од најаважните проблеми на кој треба да се работи ако сакаме да имаме успешно интегрирање на ова етничка заедница во државата, порачаа претствници на граѓанскиот сектор на одбележувањето на 8 Април – Светскиот ден на Ромите. Суад Скендери од организацијата „Ромалитико“ порача дека политиките што се креираат за Ромите да не бидат само на хартија, туку да бидат одржливи затоа што така ќе се постигнат резултати.
„Оваа година праќаме порака за едно општество за сите, но со еднаква вклученост на ромската заедница. Порачуваме, поеднаква вклученост во креирањето и спроведувањето на политиките поврзани со состојбата на ромскиот јазик, политиките за вработување во јавниот сектор и институциите. Воедно, порачуваме сите политики и активности што ќе се спроведуваат да бидат јавни, транспарентни, но и одржливи“, рече Скендери.
Салихан Саитов од невладината „Ромаверзитас“, рече дека во државната служба засега Ромите се застапени со 1,3 отсто од вкупниот број вработени во јавната администрација. До 2020 очекуваат вработеноста да се зголеми на 2 отсто.
„Ние водиме граѓанска иницијатива во која се вклучени повеќе организации, кампањата што се води е национална и се води на две новоа. Едното ниво е со поддршка на 10.000 граѓани како гаранција дека нивните интереси ќе бидат претставени пред сите засегнати страни. Второто е спроведување на активностите, при што ние ќе им се јавиме на сите засегнати страни, односно ќе преговараме со сите вклучени за реалзирање на заедничката цел“, изјави Саитов.
Покрај вработувањето, приоритетни области на кои треба да се подобри состојбата се и домувањето, здравствената и социјалната заштита, како и образованието, велат од невладините ромски организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владко Грозданов нов градоначалник на Кочани
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов, прогласи победа на изборите.
„Драги мои сограѓани,
чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност.
Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача.
Како што ветив, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот ден.
Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија.
Време е за неуморна работа за да сплотени го оствариме заслужениот сјај и развој на Кочани.
Со почит и посветеност,
Д-р Владко Грозданов,
ваш Градоначалник на Општина Кочани“, објави тој на „Фејсбук“.
Македонија
Александар Јовановски прогласи победа во Кичево
Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, прогласи победа.
Противкандидат му беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ.
По видеото објавено на „Фејсбук“ во Кичево се собрани голем број поддржувачи на Јовановски кои ја слават неговата победа по улиците.
Македонија
Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени
Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите.
„Граѓаните, институциите, и МВР покажаа зрелост и одговорност што придонесе Македонија да има едни од најмирните избори во последните години. Во текот на денот низ целата држава беа пријавени вкупно 30 настани од кои најмногу пријави беа евидентирани во Скопје. Најчестите пријави се однесуваа на агитирање во близина на гласачки места, вкупно седум случаи, можен поткуп при избори или гласање пет настани, неовластено присуство на гласачко место- четири пријави. Забележани се и изолирани случаи на попречување на гласање, фотографирање на гласачко ливче, неовластено фотографирање на граѓани, како и поединечни настани поврзани со упатени закани. По преземените проверки во 19 од 26 обработени случаи наводите не се потврдени. За дел од нив се утврди дека нема основ за понатамошно постапување, а во други случаи беа изготвени записници и преземени се соодветни мерки. Во моментот за четири настани продолжуваат полициските активности кои се однесуваат на можен поткуп, неовластено фотографирање, агитирање и недолично однесување на членови на избирачки одбор“, извести министерот Тошковски.
Секторот за компјутерски криминал денес регистрирал 18 објави на социјалните мрежи поврзани со изборниот процес. Министерот Тошковски вели дека тие се анализираат и се постапува согласно законските процедури.
Кратко задоцнување на почетокот на гласањето Тошковски рече дека имало на девет избирачки места, а регистрирани се и осум делумно прекини во гласањето поради технички проблеми со апаратите за идентификација кои биле навремено решени и не влијаеле врз текот и законитоста на изборниот процес.

