Контакт

Македонија

(Видео) Поповски повика на организиран фронт за борба против лажните вести

Објавено пред

Mинистерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, денеска се обрати на отворањето на Петтата конференција за медиуми на Југоисточна Европа која денеска и утре (11-12 мај) се одржува во Струга, во организација на Канцеларијата на претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Арлем Дезир, со поддршка на теренските операции на ОБСЕ во Југоисточна Европа.

dobivaj vesti na viber

Целта на конференцијата, на која учествуваат меѓународни и локални експерти и членови на медиуми од Југоисточна Европа, е да се обезбеди платформа која преку отворањето дискусии за низа прашања, како што се безбедноста на новинарите, условите за работа на новинарите и медиумските работници, зајакнувањето на јавните сервисни радиодифузери, медиумската саморегулација и почитувањето на професионалните стандарди и лажните вести, ќе создаде услови за подобрување на медиумскиот простор во регионот, вклучително и преку презентирање на најдобрите практики.

Поповски говорејќи за значењето на слободата на изразувањето, вклучувајќи ја тука како што рече и слободата на медиумите како четврта власт во демократските општества, ги означи како едни од универзалните човекови права, признати и заштитени со соодветни документи од највисоките меѓународни организации.

„Кога Република Македонија беше обележана како ‘заробена држава’ беше така квалификувана и поради крајно загрижувачките извештаи за состојбата со слободата на медиумите и на изразувањето во државата. Посебен акцент беше ставен на лошата ситуација во која се наоѓаат медиумите во однос на нивната основна функција, слободно и без притисоци да ја информираат јавноста за сите релевантни прашања во општеството”, рече Поповски, и нагласи дека важен фактор за слободата на медиумите и изразувањето е овозможувањето  услови и средина во која ќе се практикува слободното информирање без притисоци.

Toj потенцираше дека актуелната Влада по крајот на политичката криза демонстрираше силна политичка волја за спроведување на медиумските реформи на најтранспарентен начин, заложувајќи се за подобрување на условите за работење на медиумите во соработка со медиумските претставници.

„Во согласност со своите темелни принципи за транспарентност и инклузивност, најавивме и покажавме дека при донесувањето на законите и законските измени, целта на Владата е да се чуе гласот на медиумските професионалци, тие да бидат моторот на медиумските реформи, а ние подоцна да помагаме со механизми за нивна имплементација”, оцени Поповски.

Осврнувајќи се на предложените измени во медиумската легислатива, кои се во последната фаза од донесувањето во Собранието, Поповски ја повтори заложбата на Владата за целосна независност во медиумската сфера, преку професионализирање и департизирање на националниот сервис и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Целта ни беше што е можно повеќе да ја намалиме улогата на Владата и затоа покрај суштинските консултации со сите субјекти во медиумската сфера, во носењето на законските измени, побаравме поддршка и од опозицијата, за да создадеме целосно независен јавен сервис и да создадеме услови за целосна независност и ослободување од  какви било можности за влијанија врз регулаторот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги”, порача Поповски.

Според него, по прашањето за јавниот радиодифузен сервис особено е значајно да дојде до израз и почитувањето на концептот на едно општество за сите, за да може Македонската радиотелевизија (МРТВ), растоварена од политичкото или  кое било друго влијание, да се издигне во вистински репрезент на културните и политичките различности.

Министерот Поповски во својот говор се осврна и на неодамна презентираните податоци по повод Светскиот ден за слободата на медиумите, според кои, статистички најризична професија во изминатата година била новинарската професија, која ги вклучува и сите други медиумски работници. Тој оцени дека тие тажни факти опоменуваат дека не смее да има застој во борбата за заштита на новинарите и во борбата за создавање услови за нивно непречено извршување на професионалните обврски.

„Оттаму, за Владата што ја претставувам на оваа конференција не постои никаква толеранција за никакви притисоци, закани, уцени врз новинарите и медиумските работници. Нула толеранција зак аков  било обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето“, нагласи Поповски.

Тој повтори дека Владата, отворено осудувајќи ги сите напади што се случија во изминатиот период кон новинарите и медиумските работници, инсистира на правна разрешница на сите случаи на закани и додаде дека принципот на нула толеранција се однесува и на неказнивоста во однос на насилниците врз слободата на медиумите и врз слободата на изразувањето на медиумските работници.

Истакнувајќи ја заложбата за силна поддршка за истражувачкото новинарство, министерот Поповски потсети на мерките и чекорите кои ги презеде актуелната влада за полесен пристап до информациите во сопственост на владините институции, во согласност со политиките на транспарентност и отчетност.

„Суштината на медиумскиот бизнис лежи во информациите, т.е. испорачување на вистина преку објективно и целосно информирање на јавноста и сето тоа сторено со почитување на етичките правила. На тој начин, со саморегулацијата се штитат и универзалните човекови права – слобода на изразување и право на информирање, и слободните и професионални медиуми”, рече Поповски надоврзувајќи се дека само регулацијата е концептот од кој ќе произлезе и алатката за борба против модерниот, глобален тренд – лажните вести.

„Градот Велес стана синоним на лажните вести, но јас денеска уште еднаш ве повикувам сите вас – да направиме да биде синоним на борбата против нив. Вистината е оружјето, а проверката на фактите алатка”, оцени министерот Поповски, кој истакна дека е застапник на организиран фронт за борба против лажните вести, следејќи го принципот дека секоја Влада заедно со новинарите, медиумите и граѓаните, треба да бидат на чело на тој фронт против лажните вести.

Претставникот на ОБСЕ, Дезир, подвлече дека медиумите се општо добро, како воздух и вода, и служат на интересите на секој сектор на општеството, кога тоа е здраво, слободно и заштитено. Во своето уводно излагање, тој ја истакна силната потреба новинарите да дејствуваат заедно во духот на солидарноста и подвлече дека медиумите се најдобри кога новинарите можат да работат заедно, да ги изложуваат прашањата во општеството, како што е корупцијата, за да ги нагласат фактите и да ги објавуваат различни мислења за нив.

Македонија

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Објавено пред

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи

dobivaj vesti na viber

Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.

„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Објавено пред

Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

dobivaj vesti na viber

Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.

Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.

„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.

Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.

„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.

Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.

Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија4 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија5 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија5 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија6 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија8 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје9 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа10 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет11 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет11 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија19 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија20 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...