Македонија
(Видео) Поповски: Политиката ќе ги тргне рацете од медиумите
 
																								
												
												
											Министерот за транспарентност и отчетност на Владата, Роберт Поповски, порача дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е основа за реформи во медиумите. Содржината на Законот оневозможува политичите структури да имаат сериозно влијание врз слободата во медиумите, изјави Поповски на јавната расправа за Законот за медиуми, која се одржа во Комисијата за европски прашања во Собранието.
– Законот е специфичен и прилагоден на условите во Македонија. Начинот на избор на членовите на органите и телата на Агенцијата за медиуми и Јавниот сервис беше долго дебатирано. Овде се утврдени критериуми за целосно професионализирање и се отфрла каков било сомнеж за партизирање на овие тела. Во минатото имавме проблематично искуство, но Законот сега ја дава шансата центрите на моќ и политиката да ги тргнат рацете од медиумите и да немаат влијание во медиумската индустрија, порача Поповски.
Од Владата го повторија ставот дека се подготвени и по донесување на Законот за медиуми да се отвори дебата и да се интервенира во Законот доколу се покаже дека дел од решенијата не се добри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк
 
														На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа почнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во 19 часот во недела.
Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување за советници. Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе се повтори изборниот процес поради непостигнат цензус во првиот круг одржан на 19 октомври.
Синоќа во Скопје коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го одржа завршниот митинг, на кој зборуваа премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Мицкоски ги изрази очекувањата за историска победа во вториот круг, додека Ѓорѓиевски ги повика скопјани масовно да излезат на гласање и, како што рече, да покажат дека Скопје избира работа и човек кој знае и умее.
Движењето ЗНАМ најави мини митинг со обраќања на Мицкоски, Ѓорѓиевски и кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, во текот на денот ќе одржи завршна прес-конференција.
Во Град Скопје право на глас имаат 474.304 гласачи, кои во недела ќе избираат меѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.
Македонија
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага
 
														Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											