Македонија
(Видео) Попов: Дали додека крати средства за животна средина, Арсовска обезбедила пари за фирмата на Перо Камиказа?
Изминуваат два месеца од изборот на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, а граѓаните на Скопје не гледаат дека во градот нешто се работи, истакнува Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје.
Напротив, вели тој, луѓето гледаат само поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Гледаат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина.
Дури и буџетот на Градот за оваа 2022 година, потенцира Попов, не е развоен и не е направен според потребите на граѓаните.
Во буџетот тој оценува дека не се предвидени пари за важни проекти, како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки.
„Нема пари за ниту една велосипедска патека, за ниту еден вело-паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат велосипеди, нема субвенции за дополнителна опрема.
Наместо за зеленило и заштита на животната средина, наместо во капитални проекти, Арсовска парите на скопјани ги планира за удомувања на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Дали во буџетот има пари за коалициските партнери на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ? Дали фирмата на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски-Камиказа, КЛС, била ангажирана за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад? Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација? Ако е донација, тогаш таа треба да мине низ Советот на Град Скопје, ако се работи за спонзорство, тогаш треба да има договор за спонзорство“, рече Попов.
Нагласува дека Данела Арсовска им должи одговори на скопјани на овие прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

