Македонија
(Видео) Попов: Шилегов да каже колку го чини Градот украдената опрема од фонтаните и кој ќе ја плати

Петре Шилегов граѓаните го прогласија за градоначалник што досега најмалку сработил, а како тргнало, ќе го прогласат и за градоначалник што најмногу украл.
По плаќањето адвокати со астрономски суми од касата на ЈП „Водовод и канализација“, градот одвои над половина милион евра за одржување на фонтаните што подолг период ги нема пуштено“, обвини Сергеј Попов, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Неколку фонтани во центарот на Скопје оваа сезона останаа непуштени, а Градот распиша тендер за одржување на фонтаните од над половина милион евра.
Петре Шилегов преку ЈП „Водовод и канализација“ на сметка на фирмата „Хидротек“ ДООЕЛ Скопје ќе префрли 580.000 евра за одржување и набавка на резервни делови, кои властите тврдеа дека се украдени.
Власта тврдеше дека од фонтаните се украдени делови за 60.000 евра, но сега сумата што се наплаќа за одржување и резервни делови е десеткратно поголема. Колкава е вистинската штета што е причинета и дали штетата е само изговор да се реализира милионски бизнис?
Шилегов мора да одговори колку го чини Градот украдената опрема од фонтаните и кој ќе ја плати? Дополнително, дали зад кражбата стоеше бизнис-интерес за склучување договор вреден над половина милион евра за одржување на фонтаните?
Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една матна зделка? Дали буџетот на скопјани, наместо за создавање нови добра, се користи за полнење сметки на фирми и поединци блиски до СДСМ?
Расипништвото мора да запре. Граѓаните мора да знаат каде заминува секој денар. Скопјани заслужуваат со нивните пари да се одржува и создава подобро хортикултурно уредување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.