Македонија
(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива
Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот дел од погонот за електролиза.
Тие го актуализираа ова прашање на дебатата во Општина Кисела Вода, на која се одржа трибина за дислоцирање на опасните хемикалии од ОХИС.
Ефтим Мајсторовски, пензиониран работник од фабриката, изјави дека имало студија уште во 2009 година, која покажала дека живата ја има во кругот на фабриката, а не била исклучена можноста таа да понирала во земјата и во подземните води.
Посочи дека дилемата за постоењето жива во кругот на фабриката треба да ја дадат анализите на надлежните институции.
„Како резултат на истражувањата што беа направени тогаш, знаеме дека живина технологија се користеше во објектот за електролиза и постои можност да ја има во земјата под целиот овој објект. Анализите покажаа дека живата мигрирала во подлабоките слоеви на почвата, т.е. подлабоко од 20 метри, но и надвор од погонот. Во таа студија беше посочено дека постои опасност да биде зафатено земјиштето сè до кејот на Вардар, а земјата загадена и непогодна за земјоделски култури“, рече Мајсторовски.
Според стечајниот управник на фабриката, Маринко Саздовски, во кругот на ОХИС немало жива како опасна материја за отстранување.
„Според документацијата што ја попишав, дојдов до податок дека нема жива како опасна материја за уништување, освен наведените 11 хемикалии што ги отстранува фирмата „Екоцентар 97“. Тоа е што јас го имам како податок“, рече Саздовски.
Присутните во салата не беа задоволни од одговорот и довикува, „Има жива, како нема жива“, но молчат и не кажуваат. Беше прозвана и фирмата „Екоцентар“, која ја доби концесијата да го исчисти опасниот отпад од кругот на ОХИС. Но, нивниот претставник потврди дека во проектот за отстранување штетни хемикалии ова материја ја нема на списокот.
„Во мојот проект не постои и не сум надлежен за таа материја“, одговори кусо Владо Момировски од „Екоцентар 97“.
Вработениете го тврдеа спротивното. Ги повикаа надлежните институции да направат анализа за неколку погони во кругот на фабриката посочувајќи дека постои опасност од еколошка катастрофа. На дебатата што ја организира Општина Кисела Вода немаше претставник од Министерството за екологија иако претходно беше најавено присуството на заменик-министерот Јани Макрадули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

