Македонија
(Видео) Постигнат е договор, избори на 15 јули
Договорен е датумот за одржување на предвремените парламентарните избори.
„15 јули е конечен, последен и единствен датум за избори на кој ќе учествува и опозицијата. Зборував и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и тој потврди дека ќе учествуваат“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Бараше средина на јули, еве им го 15 јули“, додаде тој.
15 јули е среда и ќе биде неработен ден за сите граѓани. На 13 и 14 јули ќе гласаат болните и изнемоштени, како и позитивните лица на Ковид-19 и оние што се во самоизолација.
Молкот ќе настапи на полноќ, во недела, на 12 јули.
Гласањето, со цел да се спречи метежот, ќе трае од 7 часот наутро до 21 часот.
За да се одржи гласењето на 15 јули, претседателот Стево Пендаровски ќе треба да прогласи уште една вонредна состојба.
„Ни треба активно Собрание, домот на народните претставници мора да биде активен. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни справувајќи се со последици од опасниот коронавирус. Голем дел од ова нема да се издржи со техничка влада и со нефункционален Парламент. Знам дека на граѓаните им е преку глава и дека од оваа игра на нерви најмногу страда народот, па затоа СДСМ ја покажува својата големина и го договори датумот со опозицијата“, рече Заев и го повика Мицкоски јавно да каже дека го прифатил овој датум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

