Македонија
(Видео) Потпишан договорот за соработка во областа на борбата против криминалот меѓу Северна Македонија и Германија
Денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со неговиот домаќин, германскиот сојузен министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, потпишаа билатералeн договор за соработка во областа на борбата против криминалот, со којшто се поставуваат фундаменталните принципи за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка во сите сфери од безбедноста.
Министерот Спасовски на средбата со министерот Зихофер, на која беше потпишан и договорот за соработка, истакна дека овој документ е од особена важност не само за Република Северна Македонија, туку и за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.
„Особено ја цениме поддршката што Сојузното министерство за внатрешни работи, градежништво и заедница на Сојузна Република Германија ја дава на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија“, рече на средбата министерот Спасовски. Целта на овој договор е понатамошно развивање и продлабочување на билатералните односи помеѓу двете држави, во поглед на заедничките предизвици во борбата против меѓународниот криминал, меѓународниот тероризам, како и координирање на заедничките активности во справувањето со илегалната миграција.
Овој договор ќе овозможи побрза размена на информации помеѓу институциите за спроведување на законот, во однос на лица вклучени во криминални дела, како и организирани групи на сторители и врските помеѓу нив, со цел спречување на постоечка суштинска закана за јавната безбедност.
Понатаму, ќе овозможи заемна поддршка при потерници за лица или за украдени и изгубени предмети, при спроведување на координирани полициски активности за одбивање на опасности по јавниот ред и безбедност, во борбата против нелегалната миграција, соработката во областа на заштита на сведоци, а од особено значење ќе биде и размената на искуства во областите на форензиката, превенцијата од криминал, како и во областа на применетите методи, средства и техники на криминалистиката.
Министерот Спасовски, во име на министерството и во свое име, се заблагодари на германските колеги и за новата донација во возила и опрема, вредна речиси 1,1 милион евра, регулирана со веќе потпишаниот договор за донација меѓу двете министерства, а којашто наскоро треба да биде предадена за употреба на граничната полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

