Македонија
(Видео) Приведени 18 навивачи по инцидентите на натпреварот „Вардар“ – „Пелистер“ во Аеродром
Полицијата приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“, каде што имаше дерби во Првата македонска ракометна лига меѓу „Вардар 1961“ и „Еурофарм Пелистер“. По фрлањето предмети на теренот, а потоа и судир меѓу групите, известен е и јавен обвинител.
„Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари“, велат од МВР за „Макфакс“.
По натпреварот, битолската навивачка група „Чкембари“ со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“. „Вардар“ го совлада „Пелистер“. По должината на булеварот беа распоредени униформирани полицајци и специјалци.
Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6 кога гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на „Вардар“, кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.
Во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига, „Вардар“ на домашен терен во Скопје со 31:24 (13:10) славеше победа над „Пелистер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

