Македонија
(Видео) Работиме на две патеки за уставните измени- на едната преговараме со ВМРО-ДПМНЕ, рече Османи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека работат на две патеки. На едната преговараат со ВМРО-ДПМНЕ во целина, а на другата се разговори со пратениците поединечно. Како што додаде, рок за договор има додека да дојде моментот за прво гласање во парламентот.
„Работиме на две паралелни патеки – со опозицијата во целина и се разбира со пратениците во Собранието како се отвора јавната дебата таму. До денот кога на пленарна седница ќе го има првото гласање отворени се опциите да има договор со опозицијата по однос на уставните измени вклучувајќи го и планот од три точки што го претставив. Јас се надевам дека во наредниот период од Влада до Собранието ќе биде препратен драфтот односно предлогот од страна на Комисијата и тука ќе почнат да се бројат роковите. Знаете дека треба прво Комисија да разгледа, па 10 дена предлогот треба да се седи кај пратениците и така да поминат одредени уставни рокови за да се дојде до првото гласање. До првото гласање имаме шанси за договор со опозицијата“, рече Османи.
Тој очекува од сите партии во германскиот парламент да биде поддржана резолуцијата на Бундестагот, со која ќе се порача дека македонскиот народ и јазик се добредојдени во ЕУ. Сепак, овие резолуции според него се симболична поддршка бидејќи и без нив идентитетот на земјава во ЕУ е загарантиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска Давкова – Ангеловска-Бежоска: во фокусот тековната работа на Народната банка и зачувување на макроекономската стабилност
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија.
На средбата, прва по нејзиното стапување на функцијата, Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на Народната банка и остварувањето на предвидените цели, насочени кон постигнување и одржување на ценовната стабилност и кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.
На средбата гувернерката Ангеловска-Бежоска ги претстави и стратегиските цели насочени кон унапредување на спроведување на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, управувањето со девизните резерви, а во функција на обезбедување на услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги.
Претседателката ги поздрави напорите на Народната банка за зачување на макроекономската стабилност на државата, во услови на геополитички и геоекономски ризици.
Гувернерката упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата и ѝ посака успех во работата.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ поставува измеќар на СДС, за претседател на Собранието
Предлогот на новото мнозинство за избор на Африм Гаши за собраниски спикер не е ништо друго освен крунисување на партиите кои соработуваа во криминалната Влада на СДС, од страна на ДПМНЕ.
„Имаме јасен приказ дека силно ДПМНЕ најмногу значи силна Алтернатива. Зошто значи силна Алтернатива? – Токму оваа партија која беше измеќар на СДС, токму СДС ја избрка од својата Влада за да влезе Алијанса. Токму една ваква партија сега ДПМНЕ сака да ја круниса“ – истакна пратеникот Амар Мeциновиќ во неговото обраќање пред пратениците.
Според него, праксата на политички камелеонизам и шетање од коалиција во коалиција не е ништо ново на непренципиелната политика која ја водат политичките субјекти.
„Ова е само уште една потврда за водењето на лукративни политики, каде државните и националните интереси не се никаков предмет на интерес кај домашната политичка елита“, додава пратеникот на Левица.
Македонија
(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, на Конститутивната седница на новиот парламентарен состав, најави дека ќе ја извршува функцијата премиер до изборот на новата Влада, и до тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието.
Џафери, се повика на Уставот, законите и досегашните пракси.
„Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата премиер на земјата до изборот на идната Влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите“.