Македонија
(Видео) СДСМ бара вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух и предлага мерки
Советничката група на СДСМ и коалицијата бара вонредна седница на Советот на Град Скопје за решавање на проблемот со загадениот воздух, кој во главниот град е на алармантно високо ниво, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.
„ Факт е дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем. Но, СДСМ е одговорна партија и за нас, граѓаните се на прво место.
Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата на вонредна седница ќе ги предложи следниве мерки:
1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.
2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.
3. Итна промена на распоред на средства во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.
4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).
5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.
6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.
7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.
СДСМ се сомнева дека инспекторите не смеат да постапуваат без усна согласност на секретарот на Град Скопје, доколку е така, тоа мора да престане веднаш“ рече Јанчева.
Таа додаде дека Скопје деновиве е на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето.
„ Аерозагадувањето е најголемиот причинител на зголемен број на заболувања кај луѓето и предвремена смртност. Всушност, ова е резултатот од незаинтересираноста на Арсовска и ДПМНЕ за граѓаните на Скопје. Ова е резултатот од нивните кавги за тендери и провизии, а за реалните проблеми на граѓаните не направија ништо. За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска“ обвини Јанчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

