Македонија
(Видео) Силјановска: Не треба да се прават компромиси на штета на правото
Професорката Гордана Силјановска како еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори ги почна средбите со делегатите од кои ќе ја бара поддршката пред претстојната конвенција, која ќе се одржи во Струга. Силјановска не сакаше да одговори дали, доколку стане претседателка, ќе го смени ставот за договорот од Преспа, кој го оспоруваше бидејќи бил спротивен на задолжителните норми на меѓународното прави и Законот за употреба на јазиците, за кој велеше дека е противуставен и го урива Охридскиот рамковен договор.
„Кога се работи за ставовите, мора да бидеме свесни дека јас сум професор по уставно право. Јас сум Jанус со две лица, едното е научното и таму не отстапувам од ставови. Јас кога критикувам, тргнувам од професијата. Се разбира дека политиката бара повеќе реалност, но мислам дека понекогаш не треба да се прават компромиси на штета на владеењето на правото“, рече Силјановска.
Силјановска смета дека нејзините противкандидати се луѓе што проднеле за партијата, а за себе вели дека поседува искуство, знаење и независност.
„Ќе треба да ги убедам делегатите дека не е погрешно да се појави и натпартиски кандидат во време кога не е потребно само помирување, туку и обединување. Во моментот ВМРО-ДПМНЕ покажа отвореност бидејќи, еве, и јас имам шанса да се натпреварувам со луѓе што главно се партиски. Секоја чест за противкандидатите. Тоа се луѓе што многу придонеле за партијата, луѓе што се вградиле себеси во партијата, се разбира, тоа е вредност што треба да се почитува. Јас имам некои други вредности, освен искуство, знаење, независност“, вели Силјановска.
Професорката Силјановска засега нема да ја открие програмата со која ќе ја бара довербата од делегатите, но тврди дека нема да се базира само на статусот и надлежностите на претседателот.
„Мислам дека е рано да ја откривам мојата програма. Таа ќе се базира на нешта што досега ги немало. На нешта што не се однесуваат само на статусот и надлежностите на претседателот, туку и на поделбата на власта, која страшно е нарушена. Без поделба на власт, нема демократија, нема спреги и кочници, ниту правна држава. Тоа е она што заслужува внимание. Во рамките на поделбата на власта, особено во двоглавата извршна власт, го нема претседателот. Тој е целосно суспендиран во одлучувањето, дури и во надлежности што се однесуваат само за него во меѓународната политика“, вели Силјановска и додаде: „Ова е критика за оние што ја имаат власта бидејќи во моментот извршната власт, односно Владата, е онаа што ја концентрирала таа власт“.
По средбата со делегатите на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров, Силјановска ќе оди во општинските комитети во Бутел и Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

