Македонија
(Видео) Симовски: Пописот почнува на 1 април во согласност со протоколот за заштита, не слушајте ги повиците за бојкот
Сите активности за почеток на пописот на 1 април се одвиваат тековно и не постои сомнеж дека пописот ќе се одложи, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на денешната прес-конференција. Во врска со вестите за одложување на пописот, Симовски е категоричен дека се работи за шпекулации и лажни вести.
Во однос на казните во случај на одбивање да се учествува во пописот, како и за повиците за бојкот, директорот на ДЗС потенцира дека целта не е да се казнува, туку да се соберат податоци што ќе им служат на сите граѓани. Но, законите се јасни и надлежните институции, доколку е потребно, ќе постапат во согласност со тоа што е утврдено со законот.
„Прашајте ги сите инвеститори дали би инвестирале без основни податоци за една држава. Како ќе инвестираат ако не знаат за работната сила во регионот во кој сакаат да инвестираат, како ќе инвестираат ако немаат информација за каков пазар се работи… одговорот на овие прашања е причината зошто ни е неопходен пописот“, заклучи Симовски.
Директорот Симовски апелира до сите граѓани на нашата држава да ја искористат можноста слободно и без никаков притисок да ја исполнат оваа граѓанска обврска.
Во однос на заштитата од ширење на пандемијата предизвикана од Ковид-19, Симовски ги увери граѓаните дека во текот на целиот процес до најситен детаљ ќе се следат препораките од Комисијата за заразни болести и уште еднаш потенцира дека не постои простор за грижа дека пописот ќе влијае на зголемување на бројот на заболени лица.
„Временската прогноза ни оди во прилог и секаде каде што може, пописот ќе се спроведува на отворено, таму каде што нема можност, ќе се внимава на протоколот и ќе се преземат сите превентивни мерки за заштита“, истакна Симовски.
Тој нагласи дека пописот, пред сѐ, е операција што треба да обезбеди податоци што се основа за креирање на политиките, кои се од важност за сите граѓани.
„Затоа, повикувам да се заборават сите повици на бојкот и обиди за политизација на овој процес. Податоците што ќе ги добиеме се значајни за подобра иднина на сите нас“, рече Симовски.
Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, истакна дека пописот во дијаспората се одвива со задоволителна динамика и без никакви проблеми. Утрово бројот на самопопишани македонски државјани изнесуваше 148.719 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

