Македонија
(Видео) Спасовски им се заблагодари на телохранителите: Благодарение на вас, политичарите можат да работат без страв
„Обезбедувањето е ризична професија, која бара максимален ангажман, посветеност и концентрација и тоа важи буквално за секое скалило од скалата на искачување на лицата кои работат во оваа област. Во оваа наша работа – борбата против криминалот, тероризмот, фанатизмот, се соочуваме и со најгрозоморните, непоимливите начини на дејствување на човекот. Но, не смееме да попуштиме. Заканите кон безбедноста се менуваат секојдневно, а тоа само по себе бара инвентивност во смисла на изнаоѓање нови методи и техники, но и задржување присебност во моменти кога се чини дека е тоа невозможно“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на првата меѓународна научна конференција „Обезбедување ВИП-личности и објекти,“ која се одржува во Охрид.
Тој им се заблагодари припадниците на полицијата за посветеноста на службата во којашто работат затоа што благодарение на нивната професионалност, политичарите можат да работат без постојан страв од непредвидена ситуација.
„Она што мора да го направиме е всушност да се фокусираме на натамошна изградба на флексибилен, ефикасен, технички модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво, способен првенствено валидно да евидентира, анализира и проценува закани, но и на воспоставување мултиинституционален систем за соодветен одговор кон истите. Притоа, мора да ги почитуваме сопствените карактеристики и национални приоритети, но и нужноста за стандардизирање на сите сегменти од безбедносната сфера согласно со оние на нашите евро-атлантски партнери“, рече министерот Спасовски.
Тој потенцираше дека Министерството за внатрешни работи во овие речиси година дена по формирањето на новата влада почна сериозна реформа во службата за обезбедување личности и објекти и ги прави сите напори за да може да одговори на секој предизвик. „Бројните самити коишто се одржаа последниве неколку месеци и признанијата коишто ги добивме од учесниците говорат дека имаме капацитет“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.
Македонија
Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата
Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија и судска постапка. Палевски е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во писмото, тој се обраќа до министерот за правда Кренар Лога за кој вели дека „лаже“, и дека токму Палевски барал кратка и брза екстрадиција, без противење.
„Многу важно, го прашав судијата колку време трае БРЗАВА, КРАТКАВА ЕКСТРАДИЦИЈА, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење. На 22 декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од Првиот, Понискиот Суд, ме прашаа дали постои опасност од МАЧЕЊЕ и УБИВАЊЕ во Македонија. За прв пат почувствував СРАМ за мојава држава и од ИНАТ ако ништо друго дадов изјава: „НЕ, инсистирам на КРАТКА и БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА во Македонија за да се бранам во ИСТРАГАТА.“ Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен Англиски со печат и потпис од Судот. Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на ЕРДО се клањаат, Министер за Правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат ПАЛЧО во „ЕКСПРЕС“ БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА“, пишува наводно Палчо.
Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за Љупчо Палевски Палчо, со тоа што македонските полициски службеници се во комуникација со турските колеги.