Македонија
(Видео) Спасовски: Младите заминуваа зoшто немаше сигурност за оние кои студираа и беа добри ученици
Ние знаеме дека најважно од се е да ја обезбедиме иднината на државата и да создадеме услови да ги задржиме младите. Нашите политики, да создадеме подобри услови за живот, повисоки плати но и институции кои што ќе функционираат и во кои граѓаните ќе веруваат се во таа насока, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска на трибина „На прав пат“ во Неготино.
Спасовски направи споредба со погрешните политики за време на режимот на Никола Груевски, во сите сегменти но и во образованието, поради кои најмногу млади луѓе се иселија од државата.
„Младите заминуваа и затоа што немаше сигурност за оние коишто студираа, што беа добри ученици. Затоа што поради политиките на Груевски не можеа да го добијат најдоброто место под нашето македонско сонце. 11 години имавме промоција на политиките на Груевски како да обезбеди диплома во трафика за нивните, за да им бидат шефови на оние кои учеа и се образуваа“, рече Спасовски.
„Преземавме во овој сегмент многу јасни и конкретни мерки. Но и во сите други сектори. За овие 2 години имаме околу 50 милиони евра, помош за 180 домашни но и странски компании, за да отворат нови но добро платени работни места. Тоа е пред се наменето за младите луѓе. Имаме мерки и програми со кои одвојуваме двојно повеќе пари за млади кои сакаат да отворат сопствен бизнис. Отворивме нови и поголеми фондови за младите земјоделци, за руралните и млади жени во делот на аграрот. Се до последните мерки, со кои овозможивме помош за секоја фирма којашто ќе вработи лице до 23 години да добие плус 3.000 денари на плата. Тоа е се со цел да ги стимулираме младите луѓе. Но заедно мора да работиме и на јавната свест, дека реалниот сектор е шансата за секој. Тоа се нашите реални политики, со кои ги мотивираме младите тука да бараат иднина“, додаде Спасовски.
Потпретседателот на СДСМ ги повика граѓаните на активизам и вклучување во креирање на политиките за новиот мандат на Владата што ќе ја предводи СДСМ по 12 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

