Македонија
(Видео) Спасовски на седница на локалниот совет на Општина Гази Баба
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на покана на градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска учествуваше на седницата на Локалниот совет за превенција на општината, која во изминатиот период реализираше бројни активности со цел подготвено започнување на новата учебна година, спречување на ширење на вирусот Ковид-19 меѓу најмладите и обезбедување средства за нормално функционирање на онлајн наставата.
„За мене и за Министерството за внатрешни работи овој локален институт претставува еден од суштинските инструменти не само во реализирањето на превентивните активности во доменот на полициското работење, туку и во реализацијата или целосното заживување на концептот за ‘community policing’, односно полицијата – сервис на граѓаните, што веќе со години наназад го градиме заедно со нашите партнери, мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија“, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот посочи дека превентивните активности на Локалниот совет во контекст на кризата што ја предизвика пандемијата од Ковид-19, како низ призма на ефикасна безбедносно здравствена заштита, пред сè на децата, во пресрет на отпочнатата нова учебна година, така и на сите граѓани на територијата на општината, заслужуваат посебно внимание и од страна на полицијата и сите други надлежни институции и служби.
„Врз основа на искуството од изминативе неколку месеци, ваквите кризни ситуации можат да се превенираат единствено преку целосен заеднички ангажман и посветеност буквално на сите чинители во општеството, поточно на институциите и граѓаните заедно“, истакна министерот Спасовски, изразувајќи уверување дека Локалниот совет за превенција и понатаму ќе носи адекватни и квалитетни мерки, што по својот опфат и карактер ќе гарантираат здравствена безбедност на секој поединец во секакви околности, на училиште, на работното место, во јавниот простор.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Димитриевски, потенцираше дека општината, преку кризниот штаб, уште од почеток на пандемијата ги презема сите можни мерки за спречување на ширењето на вирусот, како дезинфекција на сите јавни објекти, на сите 11 училишта и градинките, подготвување и имплементација на протоколи за сите основни училишта, со што наставата почна безбедно, како и обезбедени компјутери и пристап до интернет за учениците и наставниците. Димитриевски изрази увереност дека преку Локалниот совет за превенција ќе се артикулираат теми и ефикасни решенија за спречување на ширењето на вирусот, но и за превенирање на многу други прашања, како спречување на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза помеѓу учениците на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

