Македонија
(Видео) Спасовски од Куманово: Со правична грижа за сите обезбедивме извесна сигурност, националистите ги праќаме во минатото
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски се обрати на Промоцијата на кандидатите за пратеници на листата на коалицијата Можеме во Куманово. Во продожение следува интегрално говорот на носителот на листа, Спасовски:
„ Благодарам Сања, благодарам Мухамед, Даниела, Мартин, Љатифе, Бастри, Славјанка, Мирослав, Дарио, Ферат, Лидија, Зоран, Санела, Абдула, Драгана, Иван, Ленче, Џељадини, Јована.
Благодарам добри луѓе, драги граѓани, наши сограѓани од Куманово, од изборната единица два – за тоа што работевме напорно, сработивме многу, Можеме уште повеќе и уште подобро и затоа, со чист образ, со достоинство, со право, денес порачуваме, дека на 15.јули: Победуваме!
Еве ова е Македонија. Ова е мојот тим. Ова е нашата Република Северна Македонија во мало. Тука, во нашата ИЕ 2, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, други, со векови живеат заедно во Едно општество за сите – концепт што во времето на режимот беше мисловна именка, концепт што во изминатите три години го развиваме и во целата држава и ќе продолжиме да го развиваме, затоа што – тоа е правиот пат и затоа што знаеме, умееме и Moжеме!
Овде сум да ја побарам вашата доверба, почитувани граѓани, затоа што патот на којшто ја поставивме заедно нашата држава, значи Извесна сигурност – за сите!
Таа сигурност ја обезбедивме со макотрпна работа со којашто ја воспоставивме довербата помеѓу нас дома, постигнавме како никогаш досега добри односи со нашите соседи кои се сега наши најдобри пријатели и први лобисти за нашите интеграции, ги зацврстивме пријателствата во регионот, дури и предводник сме како држава во тие процеси и што е најважно, ја поставивме нашата земја на правиот евро-атлантски пат.
Денес, по 30-децениски надежи и очекувања, членството во НАТО е реалност. Република Северна Македонија е рамноправна членка во НАТО. Денес, по 15 години од добиениот кандидатски статус за ЕУ, Република Северна Македонија има одлука од Европската унија за почеток на преговорите.
Во услови кога решававме стратешки прашања, за да го осигураме членството на нашата држава во НАТО и во ЕУ, ја покренавме економијата.
-Ја покачивме минималната плата од 9.000 илјади денари, на 14.500 денари.
-Ја покачивме просечната плата од 22.300 денари на 27.500 денари – месец март 2020 година.
-За младите:
Обезбедивме Младинскиот додаток од 3.000 денари, за 3.117 млади (според податоците за мај) – тоа се млади до 23 години, кои работат во производство и во земјоделство. Нашата држава е прва земја која не е членка на ЕУ, а ја спроведе Младинската гаранција, проект преку којшто се вклучени млади до 29 години во разни обуки, практики, образување. Преку неа во 2018 година – 1.923 млади се вработија; во 2019 година – 6.036 млади се вработени, во 2020 година, заклучно со 10.јуни, значи за само 6 месеци – 1.971 млад човек се вработени. Сите други влезени во евиденциите се во обуки, практики, стекнување вештни, образование.
Вкупно, Активните мерки за вработување, Младинската гаранција и разни добиени грантови, други обуки, ИТ вештини – помогнале на над 14.000 млади до 29 години да најдат работа или да се квалификуваат за соодветно работно место побарувано на пазарот на трудот.
-Ги покачивме и пензиите, сите пензионери, 324.000, од јануари годинава земаат повисока пензија за 722 денара. Ова е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Тоа го овозможивме со тоа што го стабилизиравме Пензискиот фонд којшто беше во долгови и со тоа обезбедивме сигурни пензии за сегашните пензионери, но и за идните пензионери.
Сработеното досега отвори можности во Програмата на СДСМ, за следниот четиригодишен мандат да се обврземе дека:
-Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти;
-Ќе обезбедиме раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот;
-Во Програмата на СДСМ, предвидуваме нова мерка за поддршка на младите, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка на младите;
– Се обврзуваме на нова повисока минимална пензија – да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари. Бидејки висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните 4 години, тоа значи отворени можности и сигурен раст на пензиите;
-Се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра и на износ за странски инвестиции од најмалку една милијарда евра, до крајот на мандатот – инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисите.
-Со оглед дека во следните 4 години, до 2024 година, очекуваме да отвориме 80 проценти од поглавјата за интеграција во Европската унија, тоа ќе значи и 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава.
Најавуваме брза трансформација и зголемување на конкурентноста на економијата во нашата држава. Ете ова значи Извесна Сигурност.
Партнерството во НАТО, домашните пријателства, регионалните пријателства, добрососедските односи, европските интеграции, нашето одговорно однесување кон државните стратешки интереси и кон интересите на граѓаните значат Извесна сигурност за државата и за еконмијата и егзистенцијата на секое семејство и секој човек во Република Северна Македонија. Тоа е сработено и тоа е опција, сигурноста. Го осигуравме и македонски јазик, идентитетот, државата ја осигуравме, како земја на рамноправни народи, на светската карта на држави, ги заворивме сите отворени прашања што ни го блокираа напредокот и затоа натамошниот напредок е возможен. Направивме пресврт, од режим – во земја којашто е признаена во светот и напредува. Затоа одиме чекор понатаму и велиме дека Можеме уште повеќе и уште подобро.
А што има на другата страна?
Спроведуваа масовен грабеж на граѓаните и си ги ставаа парите во лични џебови. Се закануваа, уценуваа, ставаа клуч на врата на фирми, го делеа народот, се караа со соседите и со светот, државата меѓународно ни ја изолираа и се уште немаат став за ниту едно важно прашање од граѓански и државен интерес. И во опозиција и со Христијан Мискоски продолжуваат со неодговорното однесување, шират паника, блокираат проекти од интерес на здравјето и егзистенцијата на граѓаните, прават конструкции, лажат, прават поделби.
ВМРО-ДПМНЕ не е Опција, туку Опасност. Тие се нарекуваат Обнова – ама треба да бидат искрени и да кажат дека Обновата што ја сакаат е Обнова на режимот, нов мандат за Груевски во обновниот Мицкоски. Е тоа – Нема. А за Обновата на државата доцни часовникот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејки таа почна пред три години. ВМРО-ДПМНЕ да не се надева на обнова на режимот, а може да спроведе Обнова, но на својата партија. Ќе биде здраво и за државата да добие обновена, разумна, одговорна опозиција. Сега, ме прашуваат да го коментирам мојот против кандидат во втората изборна единица. Па тоа е истото, Груевски ли, Мицкоски ли, Мисајловски ли, сите се исти.
Граѓаните на овие избори ќе изберат Сигурност, а ВМРО-ДПМНЕ имаат 4 години време додека се во опозиција, да дојдат од времето на Хунзите и од Белизе – во контакт со актуелното време и со прогресивните идеи. И тогаш можеби ќе имаат што да им кажат на граѓаните, но на следните избори, после 4 години. Вакви какви што се, уште долго ќе бидат и треба да бидат опизиција. Со лаги и со конструкции не се добиваат избори. Но лажат и прават конструкции затоа што немаат што да им кажат на граѓаните. Треба да речат ВМРО-ДПМНЕ сработи режим и ќе ви го вратиме режимот. Горка е оваа шала драги граѓани, почитувани пријатели. 10 години режим – помалку или повеќе, сите почувствувавме што значи и таа обновена опасност не ни треба!
Пред нас се многу сериозни избори, на коишто гласаме за сигурна иднина. Мораме да излеземе на гласање во што поголем број, за да продолжиме по правиот пат. Мораме да продолжиме со нови иницијативи по правиот пат, во интерес на заштитата на јавното здравје и за брза трасформација и развој на македонската економијата, за да ја заштитиме егзистенцијата на сите – затоа што тоа е само правиот пат. Видовте, 30 милиони евра блокираа, пари од Светската банка, што требаше да бидат вложени директно во здравството, од нивниот дополнителен заменик министер за финансии.
А ги слушаме деновиве тие ќе го обновеле здравството. ВМРО-ДПМНЕ го сруши до пепел здравството, со неодговорните и криминални политики за лични богатења.
-Ние за три години обновивме 30 јавно-здравствени установи во земјава.
-Пуштивме во работа нов Ургентен центар во Прилеп, иницијатива што постоеше таму цели 15 години, нов Ургентен центар во Куманово, со можност за опслужување 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата, инвестиција од 900.000 евра, Струмица, по 33 години доби нова општа болница, по 50 години, целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина.
-Ги покачивме платите на лекарите и медицинскиот персонал. И ќе продолжиме со вработувања лекари и медицински сестри во јавното здравство, кое веќе го зајакнавме со 780 лекари и 1.000 медицински сестри.
Замислете како ќе беше во оваа здравствена криза, да не ги имавме направено овие вложувања, за само три години?!
-Скопје добива нов Клинички центар. Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри.
-Во новата Програма предвидуваме и целосно електронско здавство, без користење хартиени форми на документи.
Покажавме и што значи грижа за егзистенцијата на секој граѓанин, претпријатие, фирма, компанија. Во услови на вонредна состојба, на нефункционално Собрание, на преодна Влада, не дозволивме никој да остане без егзистенција.
-Обезбедивме финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен и бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисите и се насочивме кон ревитализација на економијата и преку зголемување на потрошувачката на граѓаните.
-Наменивме 28 милиони евра за засегнати групи граѓани кои веќе ги добиваат платежните картички за купување домашни производи или користење услуги. Станува збор за невработени лица и приматели на социјална помош, кои добиваат 9.000 денари, а вработените со ниски примања и младите од 16 до 19 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари. Домашна платежна картичка добиваат и здравствените работници, ангажирани во справувањето со корона-кризата, со средства во висина од 40 проценти од последната основна нето плата. Го помогнавме и домашниот туризам, преку доделување ваучери од 6.000 денари на лица со ниски приходи.
Е тоа е грижа за сите, на дело.
Мицкоски, Мисајловски, другите од нивните листи, слушам велат немало да чекаат три години за справување со криминалот и корупцијата – е па да знаат, нема да чекаме и ние. Конечно е донесен Законот за јавно обвинителство, по сите блокади и кочења што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ изминатите години и сите предмети со висока корупција, ќе мора да имаат судска разрешница. И криминалците ќе си одговараат. Изговорите на корумпираните судии и обвинители, остатоци од времето на груевизмот сега може да бидат само основа за нивно непостапување по закон. Ги поставивме основите за правна држава и правосудството мора да се прочисти. Ние покажавме дека нарачани пресуди, тевтерчиња, „Ало судија“ – нема и нема никогаш да има. Купување правда, монтирани случаи, жртви на режим, нема и нема да има! Работевме на свеста и на одговорноста на извршната власт – дека никој не смее да помисли да се меша во работата на правосудната власт, како што тоа се случуваше во мрачните времиња на режимот. Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото, во кое што законот е еднаков за сите.
Ние почитувани граѓани, се обврзуваме на ред, дисциплина и правда.
Прв приоритет во овој дел е прочистување на правосудството, во кое што се наоѓаат се уште остатоци од груевизмот. Судиите кои застаруваат предмети, ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка за имотната состојба на сите судии и обнинители. Ќе има темелна ревизија на 5 проценти од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Ќе има ред и дициплина во сите институции како што ѝ доликува на европска Северна Македонија. Веќе работиме транспарентно и отчетно. Со Програмата се обврзуваме секој функционер од извршната, локалната и судската власт да ги објавува службените трошоци. Ќе има санкции за раковидителите кои работат нечесно, што и сега е наша определба. Секоја државна институција ќе воведе отворен ден за граѓаните, најмалку 4 пати во годината. Ќе има казни за неодговорено, а основано барање. Воведуваме и електронски петиции. Институциите мора да постапуваат кога ќе се здружи граѓанскиот глас. Администарцијата мора да служи на граѓаните, а не да им биде товар. Ќе имаме екодомаќинства и екодржава.
Заедно ќе ги исчистиме заостанатите отрови од претходниот систем.
Ова се однесува и на загадувањето во еколошка смисла и на опасните остатоци од времето на груевизмот, со коишто мора да расчистиме еднаш засекогаш. Ги слушаме повторно ВМРО-ДПМНЕ со нивните партнери како се свртени кон национализмот што никаде во светот, ниту кај нас донесе нешто добро. Ете тоа е еден од отровите за коишто зборувам. Овде, во изборната единица 2 на којашто припаѓаме, која ни е мултиетничка, каква што ни е државата, добро знаеме дека концептот Едно општество за сите значи сигурност, а “наш“ човек е човек кој се грижи за сите.
Јас, Сања Лукаревска, Мухамед Зекири, Даниела Маркоска, Мартин Костовски, Љатифе Шикоска, Бастри Бајрами, Славјанка Петровска, Мирослав Јовановиќ, Дарио Николовски, Ферат Асан, Лидија Тасевска, Зоран Павловски, Санела Шкриељ, Абдула Маровци, Драгана Коцевска, Иван Марковиќ, Ленче Радосављевиќ, Џељадини Шенаси, Јована Стојчевска, како и нашите колеги во коалицијата Можеме, ние сме луѓе кои се грижат за сите и тоа го покажавме и докажавме на дело.
Изборната единица 2 на овие избори ќе го испрати и национализмот во историјата, како што го испративме режимот, без разлика дали доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ или од некоја трета страна.
Националистите се опасност, а граѓаните сакаат сигурност. Коалицијата Можеме носи сигурност. Пресвртот е направен и победата е на страната на прогресивните водства кои се грижат за сите и носат сигурност за граѓаните и државата. Ја бараме вашата поддршка, да продолжиме заедно по правиот пат, затоа што заедно можеме уште повеќе и уште подобро. Победува коалицијата Можеме. Тоа е победа на Република Северна Македонија. Гласаме за број 3 на 15.јули. Можеме уште повеќе и уште подобро. Затоа, Победуваме!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Николова до Јаневска: Ја рушите уставната автономија на универзитетите
Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерката за образование Весна Јаневска, а се однесуваа на ограничувањето на автономијата на универзитетите со предложениот закон за високо образование, односно на одредби со кои Владата дава мислење на статутот, предлага членови во Националниот совет, има влијание врз клучните академски стандарди, бројот на студенти и финансиското работење, со што се нарушува уставно загарантираната самостојност на високообразовните институции. Никлова праша и за примената на библиометрискиот Х-индекс и Web of Science како критериуми за напредување, што може да доведе до дискриминација на одредени научни области и да создаде простор за институционализиран непотизам.
Почитувана јавност, денес ќе го искористам моето право да ѝ поставам две прашања на министерката за образование, коишто се однесуваат на предложениот закон за високо образование, кој пред неколку недели е прикачен на ЕНЕР.
„Ќе зборувам за две клучни работи за коишто ми се и прашањата.
Прво, за критериумот за напредување – Х-индексот, како и за опасноста од институционализиран непотизам, и второ, за системското разградување на автономијата коешто овој закон го спроведува тивко, но темелно.
Законот инсистира на Web of Science како практично единствено мерило на научната вредност, а Х-индексот го претвора во клучен услов за избор и реизбор во звање. На хартија реално изгледа модерно и објективно, но во пракса станува збор за сведување на науката на бројки, при што се дискриминираат цели научни области, особено општествените и хуманистичките науки, ги става младите истражувачи во невозможна, а со тоа и неправедна позиција и создава формална објективност која лесно се заобиколува со мрежата на моќ.
Дополнително, морам да укажам на уште еден логички и правен парадокс. Законот предвидува повисоки и построги критериуми за реизбор во звање редовен професор отколку за самиот избор во тоа звање. Ова е апсурдно. Не може за едно исто звање со ист правен статус да има едни услови за влез, а други повисоки за да се остане во тоа звање. Тоа ја руши правната сигурност, ја прави академската кариера несигурна“.
Како што рече, законот не нуди реални механизми за спречување на непотизмот.
„Законот не содржи ниту една реална, ефикасна забрана за вработување на деца на професори на истите факултети каде што работат нивните родители.
Напротив, во ваков систем тоа станува дури можност за непотизам на голема врата.
Извршната власт има влијание над основните акти на универзитетот, унапредувањето и вработувањето на кадрите, финансиите, уписот, па дури и опстанокот на институциите. Е, тоа е автономија колку што дозволува власта и министерот.
Затоа ви поставувам две прашања. Како ќе гарантирате дека со примена на библиометрискиот Х-индекс и Web of Science нема да доведете до дискриминација на цели научни области и млади истражувачи? Уште поважно, како ќе спречите тие формално строги критериуми да не станат параван за непотизам, меѓусебно цитирање и затворени академски кругови?
И второто, како ја усогласувате уставно загарантираната автономија со членовите коишто ви ги посочив, а ги има уште многу, кога кумулативно овие одредби ѝ даваат на извршната власт контрола врз статутот, кадрите, финансиите и опстанокот на универзитетот“.
Македонија
Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
Новиот Закон за високото образование не дискриминира. Тој бара меритократија, модуларност, повеќе практична настава, интернационализација и поголема соработка, поголема видливост на универзитетите и професорите, фокус на стручни студии и усовршување на вештини што досега ги немало во земјата, интензивирање на учеството на бизнис заедницата во дизајнот на студиските програми и нивна евалуација за адаптација на потребите на пазарот на труд. Законот се базира на политиките на оваа Влада за јавниот интерес на сите граѓани и на оваа држава. Крајно време и е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава. Универзитетот нема задача само да направи добар стручњак, тој треба да направи одговорна морална личност. За да може тоа да го направи, квалитетот на високото образование треба да се зголеми. Имаме консензус во државата по ова прашање.
Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната собраниска седница, во одговор на пратеничко прашање, појаснувајќи дека условот за објавување на трудови во двете реномирани бази на научни списанија, Web of science и Scopus, бидејќи се однесува на сите универзитети, не дискриминира никого.
Јаневска рече дека в петок ќе се состане работната група за Законот за високото образование и ќе одлучи за дел од забелешките што беа дадени во текот на јавната расправа, а дел од предлозите се веќе имплементирани.
Во врска со укажувањата поврзани со автономијата на универзитетот, министерката одговори дека не се задира во неа, а дека проблем за дел од професорите е што со новиот закон ќе треба да профункционира Советот на универзитетите.
„Советот постоел и во претходниот закон, но не бил формиран, затоа што постоеле луѓе кои се плашеле да го формираат. Тоа е орган или тело, ќе се договориме како ќе се вика, чија главната улога е отчетност, да види што и како работат универзитетите. Не може универзитетите да се надвор од правниот систем. Советот бара отчетност како се трошат јавните парите, како функционира универзитетот, дали го исполнил својот план што тие сами ќе го предложат“, рече Јаневска.
За правото на министерот да запре одлука на Сенатот ако утврди дека некој акт на универзитетот е противзаконски, рече дека е со точно пропишани услови, но дека дополнително побарала од правниците, професори по право да го дефинираат овој член и предлогот да го достават до МОН.
Македонија
Мицкоски нема одговор на прашањето кој е Адамовиќ, повторно Харис Џиновиќ и Дубаи, велат од СДСМ
Денеска, во Собранието, граѓаните имаа можност да го видат видно изнервираниот Христијан Мицкоски на говорница, истакнуваат од СДСМ.
„Покажа голема нервоза а немаше одговори на прашањата од претседателот Филипче. Нема одговор Кој е Душан Адамовиќ? Како е избран за почесен конзул на Македонија во соседна Србија и кои критериуми се испочитувани? На неговиот Твитер-профил видовме дека за Македонија вели „Српска Македонија“ била окупирана? Дали со тоа го исполнил критериумот за „докажан пријател“ на нашата држава? Имајќи предвид дека неговиот автомобил му беше дигнат во воздух, а потоа му беше и пукано во нозете, дали АНБ направило проверка“.
Од опозициската партија додаваат, како член на навивачка група, не делува дека може од МВР да добие потврда дека немал кривични пријави или судски постапки.
„Кое професионално делување има, освен што е високо позициониран во вашата сестринска партија СНС? Покрај бројните афери со кои се поврзува, непостоечка биографија и отсуство на каков било бизнис освен политиката. Адамовиќ се фали со свои контакти и врски во Русија. Дали е тоа исполнет критериум? Како држава членка на НАТО, дали Македонија има потреба од човек кој има врски со Москва, особено сега кога Русија е под санкции од целата Европска Унија“.
Заклучкот, како што велат е јасен. Очигледно , според нив, дека именуваниот Душан Адамовиќ не ги исполнува клучните критериуми за да биде поставен за почесен конзул.
„Со оглед дека во вторник во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, што ќе каже Мицкоски за Стоиљковиќ и „Ноќните волци“, или за тоа дека Владата дала одлука за почесен конзул на човек кој на социјалните мрежи се фали со своите контакти во Москва?
Мицкоски треба да одговори каков однос има со Душан Адамовиќ и зошто е избран за конзул?

