Македонија
(Видео) Спасовски: Со брзата изградба на експресниот пат Штип – Радовиш, продолжуваме да ја поврзуваме нашата земја
Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш се одвива со забрзано темпо и се очекува да биде завршен и пред предвидениот рок, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски за време на денешниот увид во изградбата.
„Реализацијата на работите е извршена до 83%, и доколку дозволат временските услови се очекува експресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок. Крајниот рок за завршување на оваа делница, од клучка Штип-југ до Бучим, вредна 27,13 милиони евра, е април 2021 година“ рече Спасовски.
Втората фаза од изградбата на експресниот пат опфаќа реконструкција на две под делници, од Три Чешми до Штип-југ и од Бучим до Радовиш во должина од 16.87 км и во тек се подготвителните работи на трасата. Со овие, и со интензивните работи на експресниот пат Штип-Кочани, го градиме интензивно југоисточниот дел од нашата земја и продолжуваме да ја поврзуваме нашата земја.
„Изградбата на овој експресен пат има големо влијание врз развојот на економијата и ќе придонесе за рамномерен регионален развој. Ќе се овозможи побрз транспорт на стоки, услуги, добра и луѓе. Она што е важно, експресниот пат Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните од југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и ќе пристигнуваат во главниот град Скопје да ги реализираат своите зацртани планови, потреби и цели. Со мрежата од автопатното решение Штип-Радовиш, и со мрежата од експресни патишта меѓу градовите од овие региони, граѓаните побргу ќе можат да пристигнат во соседниот град да ги видат своите пријатели, роднини или да завршат некоја работа. За студентите тоа ќе значи побрза фреквенција на месечно и годишно ниво од нивниот факултет до нивното место на живеење итн.“ додаде Спаосвски.
Изведбата и завршницата на работите на оваа модерна патна мрежа, според Спасовски, во голема мерка ќе го скрати и времето за транспорт на стоки и услуги, што дополнително позитивно ќе влијае за раздвижување на економската активност во овој дел на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

