Македонија
(Видео) Средба Шекеринска – Фон дер Лајен: Македонија и Германија ги делат истите вредности, да продолжиме да ја градиме Европа заедно
Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во официјална посета на Република Македонија, прва посета на сојузен министер за одбрана на Македонија по 11 години. По средбите во министерството, министерката Радмила Шекеринска рече дека честите посети на највисокото германско раководство, канцеларката Меркел, министерот за надворешни работи Мас и министерката Фон дер Лајен, покажуваат дека Германија е искрен, постојан и вистински пријател на Македонија.
Шекеринска истакна дека македонско-германското пријателство е долгогодишно и дека македонските граѓани сè уште го паметат признавањето на независна, самостојна суверена Македонија од страна на тогашниот германски канцелар Хелмут Кол, време на исклучително германско лидерство во период кога Балканот ги живееше своите најмрачни денови.
„Тоа германско лидерство го препознаваме и денеска, кога добиваме сериозна, искрена и отворена поддршка токму кога македонските граѓани одлучуваат за својата земја, својата иднина. Тоа лидерство го видовме и на претходниот самит на НАТО во вашата силна поддршка на самитот Македонија да ја добие долгогочекуваната покана за членство во Алијансата“, рече Шекеринска.

Сите граѓани покажаа дека сакаат промени, сакаат да живеат во ослободено, демократско општество во кое владее правото и законите, во кое слободно ќе се изразуваат, а медиумите ќе бидат гласен коректив на политиката. Истакна дека тоа беше императив и за Владата – беа направени значајни реформи, Македонија покажа дека може да биде партнер и соработник, а не непријател со соседите.
„Сите реформи беа ветар во грбот за нашата стратешка цел – членство во НАТО и ЕУ. За нас Македонија во НАТО и во Европската Унија значи стабилност, безбедност, економски просперитет, проток на лица, отворени граници, блиска соработка со нашите соседи, со Европа. Стабилна и безбедна Македонија значи стабилен и безбеден Балкан, а вашата значајна поддршка на овој пат покажува дека тоа е важно и за Германија и за Европската Унија“, истакна министерката и додаде дека 30 септември е моментот на позитивен пресврт.
„Сега, сите заедно, здружено, обединети треба да потврдиме дека Македонија ќе биде дел од двата најмоќни сојузи на денешницата и дека ќе биде подобро, поубаво, посигурно место за живеење. Вашата поддршка на овој пат постојано ни значи“, заклучи Шекеринска.
Министерката Фон дер Лајен ја изрази поддршката од целата сојузна влада за продолжувањето и развојот на европската перспектива на Македонија и додаде дека Европа и светот се пред големи предизвици, за кои вистинското решение е соработката во евро-атлантската заедница. Фон дер Лајен истакна дека претстојниот референдум е една голема шанса и изрази уверување дека граѓаните ќе земат активно учество.
„Од нашето искуство со германското соединување, можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат. Сакам да кажам дека зборувам за соединета, обединета Европа и дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас“, рече германската министерка и додаде дека Македонија и Германија ги делат истите вредности – демократијата, владеењето на правото, достоинството на секој еден поединец, правото на слободно изразување.
Шекеринска и Фон дер Лајен се согласија дека билатералните одбранбени односи се на највисоко ниво, и во однос на обуката и доквалификацијата на припадниците на АРМ во Германија, заедничките вежби и обуки и поддршката на материјален план, но и во рамките на меѓународните мисии на алијансата каде македонските војници стојат рамо до рамо со своите германски колеги и колегите од другите 19 сојузници.
Двете министерки денеска во 11:30 часот во хотелот „Мериот“ ќе учествуваат и на панел-дискусија во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

