Македонија
(Видео) Стоилковски: Арсовска да поднесе оставка. Зошто пет недели трае јавниот повик ако не се точни наводите за договорена бугарска фирма?
Зад хаосот во Скопје стои коалицијата Тачела, коалиција на Ковачевски и Арсовска, коалиција којашто ги води институциите во градот. Затоа нема одговори на прашањата дали зад хаосот стои договор на коалицијата Тачела бугарска фирма да го преземе превозот во Скопје, ниту, пак, има одговор дали се стигнати автобусите од Бугарија, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Нема одговор ниту зошто и како е можно цели 5 недели да трае јавниот повик? Зошто 5 недели трае јавниот повик ако не се точни наводите за договорена бугарска фирма којашто би требало да го преземе приватниот сообраќај во Скопје?
За работите да бидат појасни, ова е коалицијата против Скопје, а лепак се директорските плати и провизиите. Ќе почнам со ред:
-Александар Стојковски, директор на ЈСП од СДС;
-Зухјер Реџепи, директор на ЈП Паркови и зеленило од ДУИ;
-Саид Саид, директор на ЈП Улици и патишта од ДУИ;
-Снежана Стојчевска, директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, од Левица;
-Антонио Димитров од Левица, директор на КИЦ;
-Панче Велков од Левица, директор на Музеј на Град Скопје;
-Сенада Ибраимова од Левица, заменик-директор на Градски паркинзи;
-Крсте Петровски од ГРОМ инаку и генерален секретар на партијата, директор на Градски паркинзи;
-Александар Трајановски од ГРОМ, заменик-градоначалник на Град Скопје.
Веројатно сега се појасни позициите на определени партии кон хаосот, кон долговите, кон уништувањето, но и кон бегањето од одговори, небарањето одговорност за состојбите и небарањето оставка од Данела Арсовска!
Затоа СДС не бара оставка од Арсовска.
Затоа Левица не бара оставка од Арсовска.
Затоа ДУИ не бара оставка од Арсовска.
Затоа ГРОМ не бара оставка од Арсовска.
За пусти пари, за пусти провизии!“ истакна тој.
Тој порача дека Данела Арсовска мора да си поднесе оставка. Скопје не може да издржи уште еден неспособен и криминоген градоначалник, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе се тестираат камерите на автопатот Охрид–Кичево во рамки на „Безбеден град“
Сектор за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Како што информираат од СВР Охрид, активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид–Кичево, и тоа помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на потегот помеѓу Ботун и Ново Село, во општина Дебрца.
Планирано е активностите да започнат во 12 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно спроведување на активностите.
Македонија
СДСМ: Каде е др. Жан Митрев и зошто Обвинителството не реагира
СДСМ вели дека додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажна кампања и линч против претседателот на партијата, Венко Филипче, во јавноста го нема д-р Жан Митрев.
Во соопштението се наведува дека д-р Жан се појавил на телевизија Алфа, каде што, според СДСМ, изнел лаги за Филипче, по што, како што се посочува, исчезнал од јавноста.
„Прашањето е каде е др Жан? Дали Обвинителството го повика?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека кампањата против Филипче трае со недели во медиуми кои ги нарекуваат контролирани од ВМРО/Орбан, без никаква реакција од Обвинителството.
Од партијата наведуваат дека со недели поставуваат прашања кога д-р Жан ќе даде изјава пред надлежните институции, но, како што посочуваат, не добиваат одговор.
Македонија
Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција
Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.
„Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад“, велат од Комунална.
Воедно, во текот на минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје објави дека нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје.

