Македонија
(Видео) Стоилковски: Во ниедна директива на ЕУ не стои дека службени возила треба да се користат за превоз по плажи
СДСМ безобразно ги злоупотребува државните ресурси за задоволување на хедонистичките страсти на сопствените функционери. Со вакво однесување осиромашуваат граѓаните, а државата е сè подалеку од Европската Унија.Во ниедна директива на ЕУ не е пропишано дека службени возила треба да се користат за превоз на деца на функционери по морските плажи.Кога може функционер на МВР-Турс да си ја носи ќерката и нејзините другарки на одмор со службено возило што може граѓаните да очекуваат следно? Дали директорот на ЈСП да си ги носи роднините со градски автобус или Стојанче Ангелов да си земе авион за летување?, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Оливер Спасовски четири дена крие што бара службениот полициски џип на плажа во кампот Евридики. ,,Спасовски и СДСМ мислат дека граѓаните се наивни и не знаат каква службена должност може да се извршува во автокампот во кој висок полициски функционер, според информациите во медиумите, имал своја камп-приколка. Согласно со уредбите на МВР, полициски службеник кој патува во странство мора да го најави своето патување и да ги образложи причините за истото. Доколку патува службено, за истото мора да има наредба и патен налог.
Недозволиво е Оливер Спасовски четири дена да крие кои се причините поради коишто потпишал налог и наредба и да не ѝ соопштува на јавноста каква е задачата што службеникот ја извршувал во кампот Евридики.Недозволиво е да нема образложение кои биле девојките и во каква роднинска врска се со високиот функционер во полицијата? Дали е точно дека една од девојките била ќерка на директорот на Бирото за јавна безбедност, а останатите биле нејзини другарки?Недозволиво е да ја манипулираат и потценуваат јавноста дека кесите од продавницата ‘Лидл’ со коишто е преполн полицискиот џип се државна тајна”, рече Стоилковски.
Според него, ова што се случува во МВР-Турс е срамно. Донацијата од ЕУ наменета за поефикасна борба против илегалната миграција да се злоупотребува за превоз на семејствата по грчките плажи е невиден башибозук.
,,За претворањето на МВР во МВР-Турс мора да има одговорност! Вакво расипништво е недозволиво. Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка за покривање и злоупотреби, а Владата уште на следната седница да го разреши туроператорот кој во моментов врши должност директор на БЈБ, Лазе Велковски.Европската иднина на Македонија не смее да заврши на грчкото приморје!”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.