Македонија
(Видео) Стоилковски: Злосторничко здружување во Битола, Охрид, Кочани – Докази за поткуп во Крива Паланка
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денената прес-конференцијата изјави дека добиле „фрапантни информации кои морале да ги споделат со јавноста“.
„ Првата работа што ќе ја соопштиме се точни и прецизни документи кои ни го потврдуваат сомнежот дека е вршен поткуп во Крива Паланка каде што неформално главен на групата е Љупчо Николовски. Првиот доказ е разговор на активист на СДСМ Новица Груевски со веќе избраниот градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ Сашко Митовски.
Сашко – Нафаќат се пак за 200 евра.
Новица – Тие се од збор ако кажат ДА така ќе биде.
Сашко – Да! Сабајле се договараме.
Новица – З…. ѕверче си.
Сашко – Знаеш дека нема да оставам на случајност ништо.
Новица – Знам и ради тебе веруем дека ќе ги добиеме у Паланка!
Понатаму објавуваме разговор меѓу командирот на полициска станица Крива Паланка со сега градоначалникот, каде се кодоши колега полицаец затоа што објавил знаме со сонцето од Кутлеш на ФБ. Поради тоа командирот на полициската станица Крива Паланка ветува дека по изборите ќе го исечат, како што вели, поточно ќе го избркаат од работа поради објавениот статус и споделениот принт-скрин од страна на неговиот колега до градоначалникот.
Дејан Маринковски до Сашко градоначалникот – пушта принт-скрин од ФБ на колега – па вели:
Полицаец од Баглак. Гледај го, беше кај мене сга е у север.
Сашко – Да, ја ви кажува за овај. Мора да го сечеме јако.
Дејан – Знам, ќе го отсечеме. Само јако.
Сашко – Сега имате јасна слика. После избори. Сечење.
Повторувам ова е комуникација од Сашко Митовски, сега градоначалник порано шеф на изборниот штаб на СДСМ во Крива Паланка, под директна управа на Љупчо Николовски, министерот за интегритет во Владата на Зоран Заев.
Понатаму, втората работа.
Почитувани, следуваат уште франпантни информации.
Ги следите прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ за вибер групата на полициските, односно партиските параполициски структури.
Вечерва ќе ја посочиме следната информација – се злоупотребува дури и Единицата за специјални задачи. Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани? Несвојствено за Единица за специјални задачи кои по правило се ангажирани само кога има тероризам или други форми на екстремно насилство.
Групи на доверливи лица од Единицата за интервенции се пратени од вчеравечер во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како онаа во Прилеп, за што информираме преку оние вибер-информации направени од групи со кодни имиња ХХХ и групата 007, за што секојдневно информираме.
Овие структури во Битола се координирани од Васко Ковачевски. Според информациите доставени од свиркачи, таа група е предводена од тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Потоа во неа се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци, инспектори, полицајци од сообраќајната полиција, инспектори за кражби и други лица коишто се активисти и членови на СДСМ и партиската активност им е пред униформата, пред заштитата на законот. Во оваа битолска група предводена од Васко Ковачевски се и лица од битолското подземје познати како Шваба, Тарзан, Мики и други коишто користат луксузни возила со странски регистарски таблички за вршење на дејноста – заплашување, терор, подмитување со една цел задржување на локалната власт од страна на СДСМ!
ВМРО-ДПМНЕ, почитувани, заедно со сите докази и информации ќе ги извести за ова сите релевантни меѓународни институции, странските набљудувачи во изборниот процес, како и амбасадите на државите во Македонија, со барање за зголемена внимателност во овие градови, но и во другите региони за коишто имаме сознанија дека се врши терор врз населението, злоупотреба и на полициските служби за партиски интереси за спроведување терор и поткуп, како и барање за поголема внимателност во последните денови пред изборите и молкот кога овие параполициски структури ќе бидат најактивни“ порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.

