Македонија
(Видео) Стоилковски: Зошто ЈО се крие од постапката за Лотарија
Наместо итна акција на ЈО и институциите за скандалот со Лотарија, тие си ја префрлаат топката меѓу себе оставајќи простор за забошотување, влијанија и скривање на криминалот и корупцијата, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Перпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2,6 милиона евра изнајмува простор од фирма во која удел има и Шабан Азмовски-Хамза, член на УО на Лотаријата, а двајцата се дојдени од Министерството на Артан Груби!
Чист случај на корупција, чист предмет за ЈО“, истакнува Стоилковски.
ЈО, според него, молчи и бега од темата и е во функција да не падне Владата.
„Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? Што го спречува ЈО за организиран криминал? Зошто ЈО да чека?
Дали зад чекањето и префрлувањето на топката се фотографиите на Ислам Абази со ДУИ или изборот на Јовески за уставен судија?
Или можеби фактот дека зад фирмата ХЕЈ, која за 6 месеци се основа, купи имот и фати тендер од 2,6 милиона евра, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски, поврзан со семејните бизниси на кланот од Зајас?“, прашува Стоилковски.
Додава дека се ужасни низите криминали и корупција поврзани со ДУИ, Артан Груби, Ахмети, кланот од Зајас, а институциите не смее да писнат.
Злоупотребата на службата, како што вели, се прави и со постапка и со непостапување по опис на службата и за тоа ќе има одговорност по смената на власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

