Македонија
(Видео) Стоилковски: Од јавен интерес е да се знае зошто се дадени рекордни 40 милиони евра за лиценци

СДС и власта не одговориле до сега ниту, пак, ЈО не покажа интерес дали зад 40 милиони евра договори не стои колегијалноста, т.е. пријателството можеби на Ковачевски со Марко Андонов од „Аитоникс“, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од јавен интерес е да се одговори зошто се соборени сите рекорди во пари за тендери од ваков тип? Во три години 15 па 25 милиони евра за иста услуга? И зошто првпат беше воведена пракса вакви договори да се прават на три години? Како е можно секретарот на Владата да даде толкав тендер на колега на тогаш министер, а сега премиер, плус тоа сега и на странски дипломат? Владата во 2021 го прифаќа Андонов, колегата на Ковачевски, за дипломат, конзул на Грузија во Македонија и му отвора конзулат. Ваков тип договори, односно лиценци за програми, треба да овозможат и безбедност, а тоа се дава на странски дипломат?“, прашува Стоилковски.
Што тоа е подобрено во овие три години за да се плаќа 10 милиони евра повеќе? Сè што значи компјутер и администрација колабира во овие три години – од катастар, преку МВР, здравство, правда, судство, матична евиденција, онлајн-образование, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Може да молчат и молкот е потврда дека зад оваа зделка лежат можна корупција и можен криминал“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)