Контакт

Македонија

ЛДП: Дигитализација на образованието до 2030, кривична одговорност за судиите и јавните обвинители, почитување на човековите права, викенд без ДДВ

Објавено пред

Во рамките на новата програмска платформа на Либерално-демократската партија за време на тематската конференција „Секој е важен! Овде и сега“, која се одржа викендов во Скопје, организираа и дебата на која учествуваа еминентниот проф. д-р Сретен Миладиноски, м-р Горан Петрушев, експерт по инклузивно образование, Андреа Угриноска, активистка за човекови права, Магдалена Андова, адвокатка. Тие говореа на четирите главни теми: економијата, образованието, правосудството и човековите права.

dobivaj vesti na viber

„Во делот на образованието како држава имаме многу работа, сити сме од реформи што се спроведуваа, а не гледаме никаква завршница, но целата област е комплексна и не треба да се брза, туку темелно да се пристапи кон нови реформи. Затоа е потребна целосна реорганизација и оптимизација на образовниот систем во кој финансиите ќе ги следат ученикот и неговите потреби на начин на кој најранливите ученици ќе бидат приоритет. Тоа значи ефикасна и правилна распределба на ресурсите, пред сè“, рече експертот по инклузивно образование, Петрушев.

Тој појасни дека училиштата што работат добро и одговорно ќе бидат стимулирани и наградувани врз база на јасни критериуми, но потребно е обезбедување квалитетна настава преку континуиран професионален развој на наставниците, но и развој на квалитетно инклузивно образование преку отворање ресурсни центри за поддршка на учениците што се соочуваат со проблемите во учењето во секој поголем град, како и обезбедување инфраструктура и наставни помагала за овие ученици.

„Секако, потребни се и реформи во средното образование со носење закон кој ќе се стави акцент на претприемачки и деловни партнерства меѓу училиштата и бизнисите, со цел подобрување на стручното образование, кое ќе влијае на економскиот развој на државата. Воведувањето целосна дигитална настава до 2030 година, преку обезбедување квалитетен интернет-пристап до сите училишта, како и компјутери за учениците, достапни дигитални содржини и алатки, е еден од приоритетите. Ова не значи дека учебниците ќе бидат тргнати, тие ќе останат, но со многу подобар квалитет и ќе бидат задолжителни во одделенската настава“, додаде Петрушев.

Надоврзувајќи се на трошоците во образованието, проф. д-р Миладиноски рече дека во државата сите знаеме каква е економската состојба и дека има многу предизвици, но дека во согласност со програмските цели што ги предлага ЛДП може да се направат позитивни придвижувања за стабилизирање на буџетот преку неколку реформи.

„Предизвици има многу, можеме да земеме некои од нив за кои можеме да разговараме. Како прво, би сакал да нагласам да се земат предвид главниот промет, државниот платен промет, помеѓу државата и стопанството и помеѓу јавните претпријатија и стопанството затоа што сите добро знаеме дека еден од најголемите кочничари во финансирање на стопанството е државата. Мора да се донесе некој закон за навремено плаќање.

Потоа, како втора точка ја земаме ДДВ, повратот на ДДВ и плаќањето ДДВ. Мора да се земе плаќањето ДДВ по извршена уплата, а секако тоа важи и за повратот. Затоа, повторно се вели стопанството финансира во државата со плаќање ДДВ, а од друга страна, не може доволно бргу да функционира. Како трета работа, каде што се засегнати стопанството и физичките лица, е банкарскиот сектор. Мора да се изнајде начин за намалување на провизиите, намалување на одржувањето сметки, намалување на каматите, особено на физичките лица и да се најде начин за укинување на брзите кредити, појасни професорот.

Како една од мерките, која се однесува на граѓаните, според професорот Миладиноски, а која ја предлага ЛДП, е да има викенд без ДДВ, кој би бил во првата недела од септември затоа што учениците тогаш почнуваат со настава, а исто така тогаш се слави и 8 Септември, Денот на независноста на нашата држава.

Сепак, за правилно функционирање на државата во однос на граѓаните, според Угриноска, е почитувањето на човековите права преку спроведувањето на законите почнувајќи од образованието преку судството и, секако, со импликации на економијата.

„Човековите права, ако некој не ги применува или почитува, се само куп зборови на лист хартија или во некоја папка и фаќаат прашина. Во универзалната декларација за човековите права постојат оние што се предмет на овие права, како и оние што имаат должност да им ги исполнат овие права. Граѓаните, пак, имаат право да им бидат заштитени овие права преку институции, кои имаат моќ да го направат тоа, а тоа се државата, правосудниот систем и правобранителите. Доколку граѓаните немаат информации за механизмите за заштита на своите права, тие нема да потегнуваат тужби за нивна заштита, па затоа многу често, иако законските рамки постојат, гледаме дека одреден негативен тренд продолжува да расте. Учеството на граѓаните во одржување на правниот систем е клучно и тоа преку јасни концизни насоки за како да се створат овие права и да бидат достапни за секој граѓанин. Се работи за прирачник, кој е едноставен и разбирлив, дури и за најмалите и интегриран како таков во образовниот систем преку граѓанско образование“, заклучи Угриноска.

Како што заклучи пак адвокатката Андова една од главните нишки за да се почитуваат законите и да има правда за сите во земјава мора да има реформи во правосудството, на тој начин граѓаните ќе чувствуваат сигурност да ги остваруваат своите права, а судската администрација мора да подлежи врз директна критика од страна на граѓаните, а ова е од причина што судството мора да одговара во насока на заштита на граѓаните, а не да ги руинира.

„Преку директна онлајн-платформа до независно судско тело граѓаните да може анонимно да посочат проблем со име и презиме на судија, јавен обвинител итн. заради несовесно и незаконито постапување, а врз основа на оваа платформа да се креираат соодветни пријави по кои ќе се испитува основаноста по што би имало индивидуална одговорност, а ако е причинета штета, да ја надомести лично. Дисциплинските мерки не се доволни, доколку постои основ за кривична одговорност, освен затворска и парична казна, како и надоместување штета да се определи и казна за трајна забрана за вршење на дејноста, да се определи и забрана за издавање лиценци за нотарска, адвокатска, извршителска итн. функција и забрана за вработување во установи, агенции и други јавни установи, кои се буџетски корисници. Потоа, да има разумна временска рамка, која ќе се почитува од судиите, јавните обвинители и службениците за да почитуваат рокови за предметите за да не се дозволи предметите во апелациските судови да стојат по неколку години, а тоа често се случува“, заклучи адвокатката.

ЛДП од конференцијата го почнува својот карван на идеи и иницијативи. Ќе ги посетат сите градови и села и директно ќе разговараат со граѓаните за и тие да дадат свои предлози и иницијативи, кои ќе станат дел од нивната либерал-демократска платформа. Платформата е наменета за граѓаните и затоа мора да дојде од граѓаните. Тоа е и суштината на либералната демократија.

Македонија

Отфрлени се тужбите на „Европскиот фронт“ од Уставниот суд, ќе има прегласување

Објавено пред

До доцна во ноќта Уставниот суд расправаше по тужбите на одлуките на Државната изборна комисија – ДИК за неколку избирачки места поднесени од коалицијата „Европски фронт“. Од судот соопштија за шест одлуки според кои тужбите се отфрлени како неосновани, а тоа значи, согласно одлуките на ДИК, дека ќе има прегласување на конкретни избирачки места.

dobivaj vesti na viber

„Европскиот фронт“ имаше поднесено седум тужби на одлуките на ДИК, а Управниот суд беше ограничен со роковите за нивно решавање.

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Објавено пред

Град Скопје информира дека правното лице Дизниленд реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

dobivaj vesti na viber

„Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак насилно продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра

Објавено пред

Вработен во Министерството за внатрешни работи е фатен со мито од 12.500 евра, соопшти министерот Панче Тошковски. Како што вели тој, лицето И.М. било вработено како виш аналитичар во СВР Скопје. Осомничениот е лишен од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.

dobivaj vesti na viber

„Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12.500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија. Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи“, соопшти Тошковски.

При извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.

Министерот додава дека МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ19 минути

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија3 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет4 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет6 часа

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија6 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија20 часа

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија22 часа

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија23 часа

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија23 часа

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ24 часа

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија1 ден

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ1 ден

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет1 ден

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет1 ден

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа1 ден

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет1 ден

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет1 ден

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повторно негира дека разменилe оружје со Русија, објави државната новинска...

Европа1 ден

(Видео) Украинците ги нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија2 дена

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...