Македонија
(Видео) Стоилковски: Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир, пулен на ДУИ, имало потерница за затвор?
Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето што пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност, Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година, било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за издржување на казната, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето што среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице што пукало од огнено оружје, лице што влегло во конфликт со полиција, лице што користело недозволени полициски осветлувања, лице што било ослободено по веројатна интервенција од заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за кое година дена постои документ за негово приведување за издржување затворска казна? И тоа е пуштено при повторување на делото!
Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција поради контрола на возилото, а потоа е пуштено поради можна интервенција на Ариф Асан,и вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи, единствено, на можноста за опстојување на власта СДСМДУИ?“, изјави Стоилковски.
Тој порача дека државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на, како што рече, подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски, само и само за гола власт. Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.
Македонија
(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите.
„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ.
Тој упати честитка до сите градоначалници од сите политички партии.
Филипче информираше дека во изминатите две недели, пред вториот круг на изборите, се вршел огромен притисок на сите кандидати од СДСМ во 17 општини кадешто влегле во вториот круг.
„Не се бираа ниту средства, ниту методи, тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото“, изјави Филипче.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи“, додаде претседателот на СДСМ.
Македонија
(Видео) Максим Димитриевски: Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово
Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на изборите.
„Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово“, рече тој вечерва.
Се заблагодари на сите за поддршката и кажа дека ја примил честитката од неговиот противкандидат.
„Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Што се однесува до ниската излезност пораката е сфатена. Оваа победа не беше лесна со оглед на тоа што знаевме кој е на другата страна и кои лоби и групации ги поддржуваа“, кажа Димитриевски.
Противкандидат на Димитриевски во трката за градоначалник беше Горан Стојковски – Диро, независен кандидат.

