Македонија
(Видео) Стоилковски: Тендерот за мала хидроцентрала меѓу функционери од СДСМ во Неготино е незаконски
„Во време на закажани избори, директорката на ЈП ‘Комуналец Неготино’, Марина Бојаџиева, функционер од СДСМ, распишува тендер за јавно-приватно партнерство, што е спротивно на законот. Огласот е објавен истиот ден кога почнува предизборната кампања, 27 септември 2021 година. На тендерот се јавува еден понудувач, семејната фирма на директорот на ТЕЦ ‘Неготино’ и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ. И наместо во име на транспарентноста и почитување на законитостите на јавните набавки да биде поништен тендерот, Бојаџиева од СДСМ ја прифаќа понудата од Стојановиќ од СДСМ за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување ‘Лукар’ со јавно-приватно партнерство“, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Објасни дека Општина Неготино за сето ова има поднесок до ДКСК, каде што предметот е архивиран на 31.12.2021 година.
„Предметот е предаден на член на комисијата, а досега од ДКСК сѐ уште немаат никакво известување. Според законот, рокот за информација за предмет е 60 дена. Календарски, рокот за предметот во ДКСК испратен од Општина Неготино истекува денеска. А информација нема. 60 дена изминуваат, а информација од таму што се случува по овој предмет нема. Тендер на ЈП е објавен на денот на почетокот на предизборна кампања. Во случајот има само еден заинтересиран и добитник на тендерот. Притоа прекршени се уште неколку законски обврски за ваква набавка, јавно-приватно партнерство“, додаде Стоилковски.
Нагласи дека директорката на ЈП „Комуналец Неготино“, Марина Бојаџиева, функционер од СДСМ, ја спровела оваа јавна набавка иако не била дел од планот за јавни набавки за таа година.
Според него, комисијата за евалуација на понудите не е во пропишан состав, односно, наместо еден претседател и најмалку четворица членови, како што е пропишано, изборот е направен од претседател и само двајца членови на комисија.
„Се доведува во прашање и дали воопшто е изработен елаборат за животна средина како законска обврска, но и дали воопшто е спроведена јавна расправа и колку граѓаните биле запознаенми со намерата за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување ‘Лукар’? ДКСК мора да преземе мерки кон поништување на актите со коруптивни мотиви“, истакна Стоилковски.
Оценува дека Македонија тоне на сите мерења на борбата против корупцијата, а една од причините, како што рече, е молкот на институциите како ДКСК.
Доколку ДКСК не си ја заврши работата, ЈО мора да ја преземе обврската и да отвори постапка по допрен глас, смета портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

