Контакт

Македонија

Фински искуства како поддршка во креирање и спроведување автентичен модел на образованието

Објавено пред

Во согласност со сите параметри и показатели што го одредуваат нивото на квалитет, финскиот образовен модел е еден од најдобрите во глобални размери. Најрелевантен показател се постигнувањата на финските ученици на најпознатите и најпрестижни меѓународни тестирања и натпревари каде што тие се секогаш меѓу прворангираните. Тоа е потврда за стекнатите знаења и вештини на финските ученици во тамошните училишта, велат од Министерството за образование.

dobivaj vesti na viber

Додаваат дека Северна Македонија како земја во развој има тенденција да ги следи глобалните образовни трендови, а благодарение на нововоспоставената билатерална соработка помеѓу двете земји, Министерството за образование и наука и другите институциите на системот во државава што работат во оваа област добиваат поддршка од финските.

Во таа насока, денес беше организиран и еднодневен вебинар, на кој беа споделени фински образовни искуства како поддршка на реформите во основното образование во нашата земја. На вебинарот учествуваа министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, и раководителите на повеќе сектори во МОН, како и претставници од Бирото за развој на образованието, од Педагошката служба и од повеќе основни училишта во државата. А од другата страна претставници беа финскиот амбасадор за Република Северна Македонија, Кимо Лахдевирта, советници во финската Национална агенција за образование, професори од финскиот Универзитет за едукација на наставен кадар „Оулу“, како и низа образовни експерти.

Повеќе теми беа предмет на дискусија, но фокусот најмногу беше ставен на градењето мрежа на училишта што континуирано ќе се заложуваат за подигнување на конкурентноста и со какви стимулативни мерки тие да бидат поддржани од надлежните институции на системот. Претставниците на Финска го споделија искуството за подготовката на нивната национална стратегија.

Во своето воведно обраќање на вебинарот, финскиот амбасадор Кимо Лахдевирта истакна дека развивањето на целиот образовен систем бара време.

„Во Финска реформирањето на образовниот систем сè уште трае. Станува збор за единствена комбинација од разни фактори, така што секоја земја што се стреми да ги следи финските чекори треба да ја види поголемата, сеопфатна слика. Финска е подготвена да го сподели своето знаење и оттаму веруваме дека за образованието меѓународната соработка е од клучно значење“, истакна Лахдевирта.

Министерот за образование и наука, Шаќири, изрази голема благодарност до претставниците од финските образовни институции за отвореноста да ѝ помогнат на нашата земја да напредува во процесот на креирање и спроведување автентичен концепт за современо образование.

„Во период кога Северна Македонија е насочена кон имплементација на крупни реформи, особено во делот на основното образование, многу ни е важно да ги чуеме искуствата на оние што всушност ги диктираат глобалните образовни трендови. Ние и досега учевме од Финска. Сме го анализирале финското образование, но оваа непосредна комуникација е најдобар начин за запознавање со политиките шт вие ги креирате и спроведувате, а тоа многу ќе ни помогне“, рече Шаќири.

Двете страни дискутираа и за важноста да се поседува стратегија за мотивација и обука на наставниот кадар за организирање што повеќе креативна и интерактивна настава за што неопходно е вложување во нивните дигитални вештини, обезбедување ИТ-технологии и дигитални и интерактивни материјали за учење.

Министерот Шаќири рече дека МОН во последните две-три години посветува големо внимание на наставниот кадар, кој е всушност најважната алка во процесот на едукација потенцирајќи дека и најдобрите реформи хартија не би успеале доколку училиштата не поседуваат квалитетен, добро обучен и мотивиран кадар за работа.

„Затоа и ги зголемивме нивните плати над 20 проценти во изминатиот период, а воведовме и можности за кариерен напредок. Работиме на тоа да имаат подобри услови за реализирање на наставата, а особено сме посветени на обезбедувањето континуирани обуки за професионален развој“, рече Шаќири.

На крајот од семинарот се дискутира и за креирањето политики за заштита на учениците од сите облици на насилство, особено од насилството преку интернет.

Македонија

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Објавено пред

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а  Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтернатива.

dobivaj vesti na viber

Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

„Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и  потпретседателка на Алтернатива“, стои во соопштението.

На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

„Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива“, соопштија од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лифт потиснал и заробил куче, го спасија пожарникари од Прилеп

Објавено пред

Центарот за управување со кризи информира за несекојдневна ситуација во Прилеп каде пожарникари спасиле куче заглавено во лифт.

dobivaj vesti na viber

„Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, покрај гасењето на пожарите во населени места и на отворено имале имале уште една помала техничка интервенција за безбедно извлекување на куче коешто било потиснато и заробено од лифт во ООУ ‘Кочо Рацин’. Интервенирано е со едно возило и двајца пожарникари“, велат од Центарот за управување со кризи.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Младите бараат нешто ново, не бараат ригидна партиска структура

Објавено пред

„Сметам дека оваа организациска поставеност на партијата го дала својот максимум во некои минати времиња. Луѓето бараат нешто ново. Младите бараат нешто ново, не бараат ригидна партиска структура во којашто ќе слушнат наредба во која не учествувале. Сакаат да дадат свој придонес. А ќе дадат свој придонес кога ќе може да комуницираат на соодветен начин и соодветно ќе бидат вклучени и вреднувани“, истакна Венко Филипче на првата од осумте партиски трибини во рамки на кампањата на СДСМ за избор на претседател.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека е овој модел на организација мора да се менува со цел да се прилагоди на потребите и начините на комуникација на луѓето во денешно време, но и да се обезбеди поголема и постојана вклученост на членовите.

Филипче смета дека е потребно основата на политиките и одлуките да доаѓаат од најниско кон највисоко ниво, каде на база на реалните потреби на граѓаните понатаму ќе обликуваат решенијата.

„Најголемиот проблем со којшто се соочивме изминатиот период и кое луѓето најдиректно ни го кажуваат е дека имале затворени врати. Едноставно не можеле да си ги кажат ни барањата, ни потребите и идеите. И што прават луѓето? Нормално се повлекуваат. Така да ако се отвори партијата, ако се симне структурата кон општинските организации каде што ќе се градат политиките и после тоа дојдат до централното ниво каде што понатаму ќе се дообликуваат е вистинскиот пристап. Само така ќе можеме да кажеме дека сме креирале политики согласно реалните потреби на луѓето“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...

Свет5 часа

„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг

Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето,...

Македонија9 часа

ОЈО за двојното убиство: Сопругот ја тепал, па зела нож и ги убила него и свекорот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила...

Топ12 часа

Детали за двојното убиство во Кратово: со години пријавувале семејно насилство и убиените сопруг и свекор и 36-годишната осомничена

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната...

Спорт14 часа

Почина голманот на Црна Гора, му се слошило утрово во Будва каде што бил на одмор

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...

Европа16 часа

Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во...

Македонија1 ден

Земјотрес вечерва почуствуван во подрачјето Штип-Радовиш

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип...

Македонија1 ден

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија1 ден

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија2 дена

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ2 дена

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија2 дена

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа2 дена

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет2 дена

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион2 дена

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион2 дена

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија2 дена

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија2 дена

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија3 дена

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија3 дена

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...