Македонија
(Видео) Стојаноска: СДС и ДУИ со нов штетен закон подметнуваат темпирана бомба за здравјето на граѓаните
Според Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДС и ДУИ продолжува со уништувањето наместо со унапредувањето на здравјето на граѓаните.
Со предлогот на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за заштита од јонизирачкото зрачење и радијационата сигурност, кој повторно се поднесува по скратена постапка, Владата, како што истакнува Стојаноска, преку пратениците на владејачкото мнозинство подметнува темпирана бомба за граѓаните.
„Конкретно, измените на законот се состојат од префрлање на надлежноста од Дирекцијата за јонизирачко зрачење на Институтот за јавно здравје, само за депонии за нуклеарен отпад.
Оттука, бараме некој од предлагачите да ни образложи дали Институтот за јавно здравје поседува соодветен кадар кој би работел на оваа проблематика, соодветна апаратура за мерење на зрачењето, односно емисиите од тие депонии и контаминацијата на почвата, и зошто се префрлаат ингеренциите од Дирекцијата, каде постои ваков компетентен кадар.
Се поставува и прашањето – Зошто, ако веќе законски е забранет увоз на радиоактивен отпад, на сред лето се предлагаат вакви измени!?
Овде мора да има некоја замка, во спротивно би се одело на широка дебата, на редовна постапка и на консултација и информација на целата македонска и експертска јавност“, вели пратеничката.
Оценува дека не е прв пат власта да подметнува вакви сомнителни законски решенија. Поради ова, но и поради загриженоста за јавното здравје, кое е загарантирано со Уставот, бараат или повлекување на предлогот по скратена постапка или, како што велат, нема лесно да дозволат да помине „сомнителното законско решение“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

