Македонија
(Видео) Стојаноски: Комисијата за финансирање и буџет го изгласа амандманот со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%
Денес на Комисијата за финансирање и буџет се изгласа позитивно амандманот со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го поднесе овој амандман на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Во текот на Комисијата успеавме да ги надгласаме пратениците од СДСМ и ДУИ.
Помина гласањето во Комисијата за финансирање и буџет, останува да се потврди и со гласање на Законодавно-правната комисија. Пратениците од СДСМ без срам и перде се закануваат дека ќе бараат поништување на изгласаниот амандман.
Ќе се бориме и на таа комисија и преку аргументи ќе пробаме да ги убедиме дека во услови на инфлација од 30% покачување од 15% не е луксуз, туку е неопходност.
Десетици илјади вработени во администрацијата чекаат на овој амандман. Една недела беше затворена Управата за водење матични книги и цела држава беше блокирана. Замислете ако цела администрација протестира колку ќе се блокира државата. Имаме тенденција на напуштање на администрацијата од квалитетни кадри, а тоа значи намалување на квалитетот на јавните услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец
Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити и да го изразат незадоволството од ниските плати во земјава.
Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување од по 100 евра за сите останати плати.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следуваат блокади и генерален штрајк. Тој најави и собирање 10.000 потписи со кои синдикатот би станал овластен предлагач на закон за намалување на платите на функционерите за 80 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на другите плати за најмалку 6.000 денари.
„Ќе ве ставиме на тест, ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат вас, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви го овозможуваат вашиот луксуз, а доколку не се случи тоа и вие ќе стоите од оваа страна на зградата, заедно со нас и ќе не поддржувате за да ви се зголеми вашата плата,“ додаде Трендафилов.
На протестот беше испратена пораката и дека Владата води најсиромашен народ и најсиромашна држава во Европа, со повик до функционерите да ги симнат розовите очила и да ја согледаат реалната состојба на работниците.
Од ССМ најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполни целта за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати.

