Македонија
(Видео) Судскиот совет некогаш ги почитува, а некогаш не ги почитува бодовите за унапредување на судиите
45,1 отсто од адвокатите сметаат дека временски најдолги се второстепените постапки (пред апелациските судови) и со тоа доведуваат до одолжување на судењата, а 38,7 отсто од адвокатите сметаат дека првостепените постапки (основните судови) се временски најдолги. Ова е дел од анализата на Институтот за човекови права, Институтот за европска политика и Македонското здружение на млади правници во проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“, која беше презентирана денеска.
Како појдовна точка за анализата беа првиот извештај објавен 2015 година од високата група експерти, предводена од Рајхард Прибе, и донесените итни реформски приоритети од Европската комисија.
Анализата, меѓу другото, препорачува деполитизација на изборот и на унапредувањето на судиите и јавните обвинители во практиката врз основа на транспарентни, објективни и критериуми засновани на заслуги, примена на хармонизиран систем на учинок заснован на квантитатитвни, но и на квалитативни стандарди како основа за кариерен напредок во судството и во Јавното обвинителство; да се отстранат елементите од системот за дисциплинска одговорност и за разрешување на судиите што во моментот ја поткопуваат судската независност, обезбедување професионализам на Судскиот совет во практика, а не само во теорија (т.е. јасен и предвидлив тест за примена на критериумот истакнат правник), поактивна улога на Судскиот совет и на највисоките судови во заштита на независноста и во заштитата од влијанија…
Мирослав Драганов од Институтот за човекови права порача дека е важно реформите од итни да станат битни, односно да се работи на квалитетни и длабински решенија кои ќе осигураат доверба на граѓаните во сите сегменти на судството. Тој како пример го посочи Судскиот совет во кој некогаш се почитуваат, а некогаш не се почитуваат бодовите за унапредување судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

