Македонија
(Видео) Тепачка кој да го исчисти Клинички, Филипче бара решение за проблемот што го направи
Актерите по примерот на холандските гимназијалци денес излегоа да го исчистат расфрленото ѓубре во дворот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Но, за разлика од нив, актерите направија само проверка како исчистиле вработените од „Комунална хигиена“, кои дојдоа неколку часа порано, а неколку дена подоцна по пишувањето на медиумите за депонијата во дворот на државната установа.
Актерката Сања Арсовска, сопруга на Никола Наумовски, десна рака на градоначалникот Петре Шилегов, не реагира за неисчистениот отпад, туку прстот го впери во граѓаните. Според Арсовска, граѓаните треба да имаат поголема еколошка свест, но немаше комантар за неажурноста на институциите. Тие собраа помали отпадоци во паркот на Клиничкиот центар.
„Имаме слободно време и решивме да го искористиме корисно и да бидеме општествено одговорни. Целта на оваа иницијатива не е да ја поттикнеме совеста кај несовесните граѓани и нивната одговорност кон животната средина. Ние ќе направиме ревизија на тоа што го направила ’Комунална хигиена’ овде и ако завршиме бргу, ќе се префрлиме на некое друго место. Нам не ни е целта да се натпреваруваме со претпријатие, целта ни е како уметници, бидејќи имаме должност да бидеме општествено одговорни, да ја поттикнеме совеста на граѓаните за да имаат поголема еколошка свест“, рече Арсовска, а градоначалникот Шилегов ја откажа посетата во дворот на Клиничкиот центар.
Клиничката болница пацинетите ги дочекуваше со купишта ѓубре, картонски кутии, шут, преполни катни и контејнери, но и отпадоци расфрлани насекаде. Ваква беше сликата пред 12 часа. Утрово, заменик-министерот за здравство, Асим Муса, пред да пристигнат актерите изјави дека се на прагот до наоѓање решение, а дотогаш Клиничката болница ќе се чисти еднаш неделно бидејќи директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, вели дека тоа не е нивна обврска.
Депонијата и шутот на Клиничкиот центар се создадоа кога ингеренциите за чистење ги презело Министерството за здравство, при што првиот човек Венко Филипче не сакал да ангажира приватна фирма. Клиничкиот центар со оваа одлука на Филипче остана преплавен во смет и шут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

