Македонија
(Видео) Трипуноски: 640 милиони евра за субвенции за земјоделците, покривање полиси и проекти за наводнување
Се наоѓаме пред крстопат и пред нас се две опции – едната е да останеме во калта заглавени и без перспектива, коja ни ja нуди СДСМ, и втората е избереме да си ја обновиме државата со над 1.000 мерки и проекти на кои се обврзуваме како ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Три години зeмјоделците едвај врзуваат крај со крај. Три години земјоделството не само што не оди напред туку и стагнира. СДСМ ветуваа дека ќе обезбедат сигурен откуп и високи откупни цени, разни финдови, модернизација, ветуваа европско земјоделство, а сега имаме земјоделество како од 19 век.
Голготата на земјоделците мора да заврши. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија за обнова на Македонија. Знаеме како и се обврзуваме заради вас, вашите и наши деца. Македонија мора да ја биде.
За наредните четири години, предвидуваме 640 милиони евра за субвенции, кои ќе бидат навремени и ќе се делат правично, не по партиски списоци, како што се прави тоа во моментот.
Се обврзуваме да инвестираме во одржување и изградба на системи за наводнување на земјоделските парцели во нашата држава, инвестиција што ќе биде во висина од 80 милиони евра.
Предвидуваме многу и за младите што сакаат да се занимаваат со земјоделество.
Неповратни средства ќе им бидат достапни на сите млади што ќе сакаат нивната основна дејност да биде земјоделството, со кои ќе може да набават механизација и друг вид опрема потребна во процесот на обработка на земјиштето.
Се обврзуваме никогаш повеќе земјоделците да не се чудат како ќе го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временски непогоди. Во таа насока ќе ги покриваме полисите за осигурување на земјоделските насади и посеви во висина од 70 %.
Имаме стратегија како да го промовираме извозот и да овозможиме поголеми откупни цени на земјоделските производи.
Дајте ја вашата поддршка за луѓе што знаат да сработат, да го реализираат ветеното и да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец.
СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се, Македонијо! Одбери обнова! Гласајте за број 14 и за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, порача Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе се тестираат камерите на автопатот Охрид–Кичево во рамки на „Безбеден град“
Сектор за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Како што информираат од СВР Охрид, активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид–Кичево, и тоа помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на потегот помеѓу Ботун и Ново Село, во општина Дебрца.
Планирано е активностите да започнат во 12 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно спроведување на активностите.
Македонија
СДСМ: Каде е др. Жан Митрев и зошто Обвинителството не реагира
СДСМ вели дека додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажна кампања и линч против претседателот на партијата, Венко Филипче, во јавноста го нема д-р Жан Митрев.
Во соопштението се наведува дека д-р Жан се појавил на телевизија Алфа, каде што, според СДСМ, изнел лаги за Филипче, по што, како што се посочува, исчезнал од јавноста.
„Прашањето е каде е др Жан? Дали Обвинителството го повика?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека кампањата против Филипче трае со недели во медиуми кои ги нарекуваат контролирани од ВМРО/Орбан, без никаква реакција од Обвинителството.
Од партијата наведуваат дека со недели поставуваат прашања кога д-р Жан ќе даде изјава пред надлежните институции, но, како што посочуваат, не добиваат одговор.
Македонија
Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција
Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.
„Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад“, велат од Комунална.
Воедно, во текот на минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје објави дека нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје.

