Македонија
(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога зборува за „талог на општеството“, мисли на граѓаните. Филипче од говорницата јавно рече дека секојдневните поплаки, прашањата и проблемите се реални гласови на граѓани што живеат тешко и кои заслужуваат почит, а не навреди.
„Да ги изнесам констатациите на граѓаните што ги нарекувате дека се талог на општеството, бидејќи поплаките, прашањата и сѐ друго доаѓа од нив, не директно од нас“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, исто така рече дека е свесен оти Владата сака да зборува за „убави работи“, но најверојатно тие работи се за мал круг на луѓе блиски до власта..
„Знам дека сакате да зборувате и за убави работи. Веројатно, тоа се случува за мала група луѓе околу власта, меѓутоа не и за целата држава и за сите граѓани“, рече Филипче.
Тој на денешната седница за пратенички прашања исто така рече дека за огромното мнозинство граѓани реалноста е сосема поинаква, а тоа е држава без европска перспектива, држава со изгласана противуставна резолуција, со која се забранува слобода на изразување, слобода на говор, држава со сива економија и длабока сиромаштија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

