Македонија
(Видео) Филипче: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа е заслуга и на опозициското дејствување на СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на новинарско прашање категорично ги отфрли шпекулациите за каков било „скриен договор“ со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека опозициското делување и реторика на СДСМ е едно од клучните причини за значајниот пад на поддршката на владејачката партија.
„Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика во изминатиот период, сметам дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласови за година ипол, а тоа е третина од гласовите што ги добија пред година ипол, е заслуга во еден дел и на нашата опозициска реторика”, одговори Филипче.
Додаде дека СДСМ во континуитет ја разобличува, како што рече, лажната реторика и патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи низа скандали и незаконско работење на актуелната власт.
„Ние сме тие и бевме тие кои што ги разобличуваа нивните лаги, нивната лажна реторика и нивниот лажен патриотизам. Ги откривме скандалите, коруптивните шеми, мрежата на договорени тендери за кои што, за жал, нема никаква реакција. Скандалите во АНБ, тешката партизација на институциите и ќе продолжиме така, како силна опозиција уште позасилено да работиме во следниот период”, нагласи Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја бомбардира јавноста со измислици за Дубаи, но немаат ниту една слика од таму, велат од СДСМ
Денови наназад гледаме таблоидна офанзива од кујните на ВМРО со ист наратив, исти наслови и ист стил – агресивно повторување лаги за претседателот Филипче. Целта е дефокус од криминалните тендери на ВМРО и договорот мигранти за пари, велат од СДСМ.
„Јавноста се бомбардира со измислици за Дубаи, визи, згради и летови што не постојат. Го следат претседателот Филипче, ги злоупотребуваат службите, но не објавуваат слики од Дубаи? Зошто нема ниту една слика од Дубаи? Затоа што ги нема. Зошто нема фотографија од авион, од било што? Одговорот е едноставен и очигледен – затоа што лажат“, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека ВМРО и колаборатите од ЗНАМ не демантирале ниту еден факт што го објавил СДСМ за криминалните тендери.
„Нема одговори. Има само copy-paste текстови, сензационалистички наслови и обиди преку медиумска бучава да се прикрие суштината дека ВМРО и ЗНАМ делат криминални тендери зад грбот на народот. Затоа им е потребен дефокс. Затоа се фабрикува приказна за Дубаи. Сакаат темата за криминалните тендери и мигранти за пари да се задуши. Но вистината не се брише со таблоидни наслов. Дефокусот е прочитан. Лагите се разоткриени“, велат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Филипче зборува за сиромаштија, а оди на зимување во Дубаи
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција остро го критикуваше Венко Филипче, обвинувајќи го за лицемерие и двојни стандарди.
Манасиевски изјави дека, додека Филипче во јавноста зборува за тежок живот, ниски плати и економски проблеми во државата, паралелно заминал на зимување во Дубаи – една од најскапите дестинации во светот. Претходно, како што рече, Филипче летувал и на милионската јахта на Зоран Заев во Грција.
Тој наведе дека Филипче во различни периоди покажувал наводна загриженост за пензионерите, младите, пациентите и земјоделците, но дека за време на владеењето на СДСМ не биле реализирани ветените политики во овие области. Манасиевски посочи и дека во периодот кога Филипче бил министер за здравство, имало спорни тендери.
Во обраќањето, Манасиевски изјави дека, според сведоштва за кои немало демант, Филипче поседувал недвижност во Дубаи, додавајќи дека Антикорупциската комисија при СДСМ – АКТ, треба да го истражи потеклото на средствата.
Тој исто така го спомена и експремиерот Зоран Заев, за кого изјави дека од земјоделец станал милионер и дека градел висококатница во Дубаи, наведувајќи дека и овој случај треба да биде предмет на истрага.
Манасиевски оцени дека во СДСМ нема реална намера за реформи или кадровско освежување и дека партијата продолжува со истата политика од времето на Заев. Тој додаде дека СДСМ е незадоволна единствено поради тоа што не е на власт и дека нивното седумгодишно владеење покажало дека не се грижеле за проблемите на граѓаните.
Македонија
(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин
Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот.
Засега нема повеќе информации како се превртела цистерната и дали има повредени.
„Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од СВР – Охрид.

