Македонија
(Видео) Царовска: За 2 и пол години младинската невработеност од 48.2% ја намаливме на 35.3%
Откако дојдовме на власт затекнавме целосна запоставеност на младите и неусогласеност на пазарот на трудот со потребите, со побарувачката и понудата, особено со потребите на младите. Ние презедовме одговорност и ги менуваме работите. За само 2.5 години успеавме младинската невработеност да ја намалиме од 48% на 35%. Не сметаме дека е доволно секако, но мерките што ги презедовме даваат резултат и тоа е евидентно, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на денешната трибина Агенда Млади 20-24.
„Како млада политичарка можам да кажам дека кога се креираат младински политики тие мора да обезбедат резултати не само во моментот туку и во наредните 10 до 15 години. Состојбата која ја наследивме во 2016 година беше поразителна, тоа е резултат на лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ. Свесно или несвесно се уништувале стручните насоки, се симнало нивото на високото образование, и тоа донесе поразителни резултати. Младинската невработеност изнесуваше 48.2%. Тоа нас не мотивираше да креираме и имплементираме конкретни и вистински млади политики. За две и пол години младинската невработеност ја намаливме од 48,2 отсто на 35,3 отсто, тоа е доказ дека младинските политики на СДСМ се на прав пат и дека даваат резултат. Не велиме дека сме задоволни но ова е вистинскиот начин, ова се вистинските мерки и ние продолжуваме понатаму“ рече Царовска.
Трибината Агенда Млади 20-24 е дел од програмските трибини на СДСМ со експерти, претставници на невладини организации и партиски претставници за креирање на нови решенија и политики кои ќе бидат дел од новата победничка програма на партијата за изборите на 12 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

