Контакт

Македонија

(Видео) Цветаноски: Градоначалникот на Радовиш ги остави децата без негувателки и врши притисок врз вработените

Објавено пред

Повеќе од 10 дена децата во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш се оставени без негувателска грижа поради неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничкот Ацо Ристов, рече на денешната прес- конференција Симона Цветаноски, советничка од редовите на СДСМ во Советот на Општина Радовиш.

dobivaj vesti na viber

„Јас во моментот се наоѓам пред детската градинка, објект ‘Цветови’, каде што во неа повеќе од еден дена децата се оставени без негувателска грижа, пред сѐ, најмалите деца, а тоа се јаслите. Родителите збунето и без никаква информација дадена од надлежните не знаат кој им ги згрижува децата, а ниту, пак, се запознаени дека децата на овие минусни температури се преместуваат од една во друга зграда, без никаква согласност од нивните родители. Претставниците на локалната власт, наместо да ги вратат вработените што се дома, тие се занимаваат со смени на раководни лица, кои насилно бараат од нив со писмена изјава да си дадат оставки, без притоа да бидат свесни дека овие раководни лица се со законски предвиден мандат. Потребно е сите негувателки што седат дома да се повикаат да продолжат со работата како би продолжило редовното и нормално работење во детските градинки. Потребно е ветувањето, што беше дадено од страна на градоначалникот на една од претходните седници на Советот, каде што вети дека сите негувателки што се дома ќе почнат со работа од 1.2.2022 година. Денеска сме 2.2.2022 година, сѐ уште не се повикани“, изјави Цветаноски.

ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Ристов за 100 дена од нивното раководење сѐ уште немаат почнато, а ниту, пак, реализирано ниту еден проект од програмата што беше ветена пред граѓаните. За разлика од тоа, СДСМ за оваа ситуација до крај ќе се залага бидејќи е партија што е избрана од граѓаните и сме должни нивните проблеми да бидат решени.

Македонија

ЗНАМ ги соопшти кандидатите за министри во новата влада

Објавено пред

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за администрација.

dobivaj vesti na viber

Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Од ЗНАМ дополнително ќе ги соопштат имињата на замениците министри и на директорите кои им се доделени во коалициските договори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари-Пападополу: Спроведувањето на договорите кои се веќе усвоени, треба да биде задолжително иако и во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат

Објавено пред

Претседателот на Алијснса за Албанците, Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса остварија средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу, и амбасадорката на Република Грција, нејзината екселенција Софија Филипиду.

dobivaj vesti na viber

На средбата, страните се согласија за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително.

Таравари нагласи дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра Пападополу, со која разменија мислења за јакнење на соработката и дијалогот меѓу двете земји на сите полиња, како и за понатамошниот процес на пристапување на земјава во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Тој се заблагодари за поддршката од Грција за процесот на евроинтеграција на земјава, по зачленувањето во НАТО, што е резултат, како што рече, на постигнувањето на Преспанскиот договор.

Заменик-министерката на грчкото МНР му го честиташе на претседателот Гаши изборот на функцијата, при што порача дека Северна Македонија има искрен пријател во Грција. Тоа, рече Пападопулу, е пораката што ви ја носам од целото лидерство на Грција – дека ние сме пријатели, соседи, сојузници, партнери во НАТО, а еден ден ќе бидеме и партнери и во ЕУ.

Претседателот Гаши заклучи дека двете земји се на мошне добар пат во унапредувањето на билатералните односи, со оглед на интензивната соработка и комуникација меѓу граѓаните, во делот на економијата и туризмот,со потенцијали за интензивирање во патната инфраструктура, енергетиката, образованието, културата и во сите други области од заеднички интерес.

Соговорниците се осврнаа и на соработката на ниво на парламенти, при што претседателот Гаши покажа интерес за организирање официјални посети и истовремено ја информира заменик-министерката Пападопулу дека во Собранието на РСМ во секој нов мандат се формираат пратенички групи за соработка меѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија9 часа

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија12 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ12 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија13 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа13 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет13 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион13 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион1 ден

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија1 ден

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија1 ден

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија2 дена

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија2 дена

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија2 дена

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет2 дена

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет2 дена

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет2 дена

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...