Македонија
(Видео) Зетот на Кедев: Музејот на ВМРО е проектиран пред Канческа-Милевска да стане министерка
Зоран Петров, зетот на познатиот кардиолог Сашко Кедев, на денешното рочиште за случајот „Тендери“ сведочеше пред Кривичниот суд како сопственик на компанијата „Неимар инженеринг“ која вршела проектирање на Музејот на ВМРО, кој е во склоп на проектот „Скопје 2014“.
Петров во своето сведочење истакна дека тендерот за комплетно проектирање на музејот го добиле во време кога министер за култура бил Арифхикмет Џемаили, а не обвинетата во случајот, Елизабета Канческа-Милевска.
„Се јавивме на јавна набавка за проектирање на главниот проект и како најевтин понудувач го добивме тендерот. Тогаш министер за култура беше Арифхикмет Џемаили од партијата ДПА. Со општите услови проектот беше изработен, ревизијата беше позитивна согласно со Законот за градежништво. Ревидент беше Градежен институт на Македонија. Со позитивен извештај, документацијата добива одобрение за градење“, рече Петров.
Како што вели тој, за градење од А категорија, односно конкретно за Музејот на ВМРО, надлежно е Министерството за транспорт и врски од каде исто така немало забелешки што, според него, значи дека биле почитувани сите услови од законот за градба при проектирање на објектот.
Според тогашниот закон за градба, по добивањето на градежната дозвола престанува обврската на проектантот и проектот го презема изведувачот, но, сепак, истиот закон предвидувал надзор од проектант до завршување на проектот, по што инвеститорот, односно Министерството за култура, склучило договор за надзор до истата фирма.
Петров вели дека нема ништо незаконито во овој договор бидејќи надзорот треба да го врши истата фирма што го проектирала објектот.
„Со измена на законот проектантскиот надзор стана задолжителен. Со инвеститорот потпишавме договор за проектантски надзор и по законот само ние можевме да го водиме надзорот“, вели Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

