Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Секоја година Спасовски трошел по 4 милиони евра за своите и потребите на неговиот шеф
Четири милиони евра годишно плаќале граѓаните за да ја задоволат патолошката желба за политичка одмазда на најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев, обвини на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Четири милиони евра од буџетот се исплаќани годишно како штета по изгубените судски процеси кои се водени за незаконските смени и деградирања во МВР. Наместо 60-тина супермодерни возила за итна медицинска помош или 200 полициски возила, секоја година Оливер Спасовски четири милиони евра трошел за да ја задоволи сопствената и потребата на неговиот шеф да се изживуваат со сите оние кои не размислувале криминално како нив двајца.
Правдата е бавна, но жртвите на политичкото изживување во МВР ја дочекале. Време е правдата да го стигне и лично Оливер Спасовски. Јавното обвинителство мора да покрене постапка против техничкиот премиер за расипничкото трошење на народните пари. Парите кои се истрошени заради нечија лична или партиска одмазда мора да бидат вратени во буџетот на Република Македонија.
Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ водени од тесно партиски интереси направиле ршум во Министерството за внатрешни работи, непосредно пред формирањето техничка влада. За дваесетина дена во декември, заклучно со 25 биле издадени 1.050 решенија, а само во последната недела 1.198 решенија за прераспределување. Овие решенија во најголем дел се спротивни на Законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на распоредување и унапредување во рамките на Министерството.
Заради ваквото работење и партизирање се доведовме до дереџе како држава, криминалците слободно да хараат по улиците, а полицијата да биде нем сведок и статистичар на криминал.
СДСМ ја искористи полицијата за да создаде коалиција со подземјето и криминалот да помине неказнето во нашата земја.
Ова мора да престане. Одговорност мора да има по 12 април. Оливер Спасовски и Заев се директни виновници за сите порази, криминали и неуспеси во нашата земја?“ порача Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

