Македонија
(Видео) Јаневска: Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни
„Скандалите и уништувањето на образованието никако да запрат, октомври е, а учебници сè уште по сите предмети нема, но затоа има министер и Педагошка служба во состав на Министерство за образование и наука, во чии ингеренции се издавањето и откупот на учебници, каде што има директор кој е малку познат во јавноста, а без оглед на актуелноста на темата учебници“, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавно ги прашувам министерот Јетон Шаќири и директорката на Педагошката служба во МОН, г-ѓа Вангелија Велева:
1. Дали не се загрижени за непочитување на законот и ефикасноста на сите процеси и дејствија за навремено и објективно обезбедување на учебниците по сите предмети, одделенија, години, и за сите ученици?
2. Дали директорката на Педагошката служба, авторите на ракописи за учебник ги дели на партиски подобни и партиски неподобни, на пример, партиски член на СДСМ е избран автор на учебници за прво, второ и четврто одделение? Дали пријателството и фаворизирањето е стекнато од посетување на исти трибини организирани од Форумот на жените на СДС?
3. Дали министерот и г-ѓа Велева се запознаени дека веќе укажавме на сомнителноста на постапката за избор на учебници за странски јазици за основно образование и дали г-ѓа Велева знае дека со нетрпение ги очекуваме решенијата за избор на учебници по странски јазици со нејзин потпис за да ги повикаме сите релевантни институции да проверат како е спроведена оваа постапка. Прашуваме зошто објавивте оглас со одредени услови кој потоа го поништивте? Дали видовте дека сте згрешиле и повикот не ви одговара вам и на фаворизираната фирма?
4. Дали некој партиски „подобен издавач“ успеал да обезбеди договор со фирма-човек издавач на учебник за учење на англиски јазик што веројатно е само бледа копија на учебник издаден од престижните издавачки куќи за изучување на англиски јазик? Дали тој ќе набавува учебници по англиски јазик од човек- фирма, наспроти големи познати издавачи куќи?
5. Дали министерот и г-ѓа Велева ги слушаат гласините за притисок на рецензентите и дали се истите поврзани со претходно добитните издавачки куќи?
6. Дали е вистина дека раководителот на секторот за одобрување на учебници одбива да учествува во комисиите за избор и да потпишува било што, што е поврзано со овој конкурс? Ако е така прашуваме зошто?
Овој конкурс кој претставува „одобрување на учебник по странски јазици“ тежи најмалку фантастични 5 милиони евра за година.
Прашуваме дали постапката се спроведува законски и колку издавачки куќи со кој процент ќе учествуваат во распределбата на овие средства?
Министре и г-ѓо Велева, дали истиот овој конкурс, кој беше распишан во 2020, го стопитравте затоа што не успеавте да ги изберете вашите „подобни“ фаворити. Да ја потсетиме јавноста дека конкурс за избор на учебници по странски јазици во основно образование беше распишан од ваша страна во 2020 година и по донесени конечни мислења што се платени од буџетот затоа што рецензентите ја извршиле својата обврска, на ваше инсистирање постапката беше поништена. Зошто?
Министре, г-ѓо Велева, Педагошката служба не е ваша приватна издавачка куќа во која важат вашите закони. Хаосот што секојдневно го продуцирате го еродира образовниот систем и создава трајни и несогледливи последици, а за тоа одговорност ќе има“, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

