Македонија
(Видео) Јанушев: Бараме да се прошири истрагата за ,,Рекет” и да се откријат нарачателите
,,Реформи во правосудството со аболициран криминалец нити имало, нити ќе има.Не постои поголем апсурд од тоа човекот кој го спасија од одговорност за криминалот во „Глобал“ тежок 7 милиони евра да повикува на правда еднаква за сите.Не постои поголем апсурд за реформи да говори аболицираниот Заев кој бараше едно евро за Вице. Неговите судии не успеаја да го видат криминалот кој го виде целата јавност, а сега треба да веруваме дека тие треба да делат неселективна правда и да се однесуваат професионално”, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Рускоска обвинителството и Кацарска судството се се, само независни не. Виновник за тоа е директно Заев – човекот кој го компримитираше правосудството, кое за возврат го амнестираше за сите криминали.
,,ВМРО-ДПМНЕ е за независно обвинителство кое ќе работи согласно закон и ќе го гони криминалот, без разлика на партиската, етничката или било која друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ е за обвинителство кое ќе се базира на принципите на владеењето на правото и меѓународните конвенции за човекови права.
За разлика од нас, СДСМ е за обвинителство кое ќе биде маша во нивните раце за политички прогон. СДСМ и Заев наместо да бидат конструктивни во изминатиов период ги опструираат преговорите. Инатењето на Заев околу предлог решенијата за Јавното обвинителство има три цели. Прво, да ја опструира правдата на долг рок, штитејќи ја мафијата и криминалот, при што за себе и соработниците ќе си обезбеди неказнивост. Ова го планира преку креирањето на неуставни и нефункционални решенија. Понатаму, да си ја згрижи Катица Јанева и нејзините соработници и покрај сомнежите за тежок криминал, злоупотреби и целосно нарушен кредибилитет. Ова само заради информациите кои Катица Јанева ги поседува против него, а кои може да го одведат зад решетки.Исто така, за да продолжи врши дополнителни притисоци врз опозицијата на долг рок, како би добил во време за да ја продолжи безмилосната кражба на Република Македонија”, додаде тој.
Опозицијата бара итно проширување на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени. ,,Сведоци сме на најголемиот рекет систем во независна Македонија. Секој ден се јавуваат жртвите на рекетарите на власта, систем кој опстојува две години и во кој се рекетирани милионски суми не може да постои и функционира без за него да знае врхушката на власта.
Експертите од правната фела се децидни, да беше некој друг на местото на Јанева, до сега ќе беше во притвор. Да стануваше збор за правна држава, уште првиот ден ќе имаше оставки на министрите за правда и за внатрешни работи, а во најкраток рок ќе следуваше оставка и на владата и ќе беа распишани предвремени парламентарни избори.Заев нема кредибилитет да зборува за правда. Заев е коренот на неправдата. Потребни се итни реформи, а тоа со Зоран Заев не е можно. Затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори и обвинителство кое ќе биде вистински независно”, додаде Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Во сабота ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари
„330% повисока социјална помош, 53% повисоки пензии, 180% повисока минимална плата, 40 000 просечна плата се нашите резултати и знам дека тоа можеби не е доволно. Затоа вечерва стојам пред вас не како жена, туку како ваша пријателка и комшивка, како жена која работеше со интегритет и бара поддршка за број 1 на 8 мај“ порача Тренчевска од говорницата на митингот во Радовиш.
Ко-носителката на изборна единица 4 од СДСМ, Јованка Тренчевска вечерва на радовишани им порача дека вистинскиот избор е јасен и дека само СДСМ е опција која ќе го води напредокот на општеството.
„Вие највозрасните кои гледам ве има тука во голем број, а со кои деновиве често се среќавав и често ме прашувавте зошто не може покачување од 5000 денари за секој од вас, Ве потсетувам дека од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари, и овој месец најниската исплатена пензија изнесува 13 880 денари. Стабилната исплата на вашите пензии ќе биде доведена во прашање со лажните ветувања на ВМРО, кои слушам деновиве дека започнаа да го раситнуваат лажното покачување на пензиите на месеци, на години и на нови методологии. Знаат и тие дека на лагата и се кратки нозете! Знаат дека 5000 линеарно е невозможно. Но дека е добро за да манипулираат со највозрасните“ рече Тренчевска.
Таа истакна дека во новиот мандат СДСМ се обврзува минималната пензија да ја покачи на 20.000 денари додека просечната пензија ќе ја покачи на 30.000 денари.
„Да продолжиме да градиме мостови посилни од ѕидовите и омразата кои ни ги наметнува ДПМНЕ“ истакна Тренчевска во нејзината покана за граѓаните за да излезат на гласање на 8ми мај.