Македонија
(Видео) Јаревски: Дали бизнис-интересот од Блерим Рамадани на Шапка е причина ДУИ да влијае врз Пајазити да изрече куќен притвор за тој да избега
Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија? Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ, праша Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа ли Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него?
Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него?“, дополнително прашува Јаревски.
Очекуваат, како што рече, институциите да отворат постапки и испоставите на СДС и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени.
Одговорност, според него, мора да има.
„Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес.
Додека народот се иселува, тие се богатат “, потенцира Јаревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

